18 Декември, 2025
0.1260

Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија? Петмина поделија 1,94 милиони евра во плати и награди

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2024 14:26

Добивај вести на Viber

„Комерцијална банка“ лани ја имаше својата најуспешна година со профит од речиси 60 милиони евра. За да остварат таков резултат петмината врвни директори од својата банка добија плати, надоместоци и награди во бруто износ од речиси 2 милиони евра. За плати и награди на сите свои над 1.000 вработени „Комерцијална банка“ лани им исплати повеќе од 21 милиони евра

Петмина врвни директори на банка за своите резултати во 2023 година добиле плати и награди во вредност од 1,94 милиони евра. За сметка на тоа најголемата, според активата, деловна банка што ја води оваа тројка лани на нејзините акционери им донела профит од речиси 60 милиони евра.

Станува збор за членовите на управниот одбор на Комерцијална банка, долгогодишниот главен извршен директор Хари Костов, неговиот долгогодишен колега во бордот Ило Илоски, Маја Стевкова Штериева главен финансиски директор и новите членови Билјана Максимовска Поповиќ и Никола Џамбазовски.

Според официјалните податоци од годишниот извештај за работата на „Комерцијална банка“ просечно секој од членовите на управниот одбор добил годишна компензација за својот ангажман во бруто износ од 388.000 евра.

Иако не се наведени поединечно и детално износите за секој од членовите, повеќе од сигурно е дека најголемо учество во средствата кои се платени на Управниот одбор се наменети за Хари Костов претседателот на одборот, главниот извршен директор и банкар што дваесетина години без прекин ја води најголемата македонска банка. Најмало е учеството на новите членови Максимовска – Поповиќ и Џамбазовски кои втора година се дел од проширениот управен одбор.

Според деталите од годишниот извештај тие 1,94 милиони евра за 2023 година се исплатени за плати, плати од деловна успешност, регрес, новогодишен надомест, менаџерско осигурување, приватно здраствено осигурување како и за јубилејни награди и стручно усовршување.

Во извештајот е наведено дека 1,08 милиони евра се платени како фиксен дел, а останатото е варијабилен дел согласно со политиката за награди на „Комерцијална банка“.

Освен врвните директори банката издвоила 3 милиони евра и за 55 лица со посебни права и одговорности кои менаџерски и управувачки тим на банката. Од тоа речиси 2 милиони евра се фиксни надоместоци (плати, придонеси и осигурување), а останатото се награди за учинок согласно со деловната политика за наградување.

Што се однесува до платите и наградите вреди да се истакне дека „Комерцијална банка“ во својата најдобра година до сега на сите свои вработени исплатила плати, додатоци и награди во бруто износ од 21,07 милиони евра. Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје