27 Април, 2024
0.0306

Дали предизборните коалиции ќе го дефинираат победникот на локалните?

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Може ли предизборните коалиции да бидат клуч за победа на претстојните локални избори? Времето за партиски договори е се помало, а дел од кандидатите веќе ја започнаа теренската кампања за да ги запознаат граѓаните. Засега во подобра позиција е повторно СДСМ поради големиот коалициски потенцијал иако најавите на независни листи на граѓански активисти и здруженија покажаа дека не им е сеедно во големите и урбани општини каде вообичаено имаа солидна поддршка во изминатите циклусии се обидоа да го сменат Изборниот законик во „пет до дванаесет“. Затоа пак, власта повторно наоѓа нови партнери и ги зацврстува постоечките „џокери“. БЕСА излегува од коалициското друштво на СДСМ. Не сакаат да истрчаат на локалните избори со заеднички кандидати со ДУИ, но барем тоа засега не влијае на функционирањето на централната власт.

Дали албанската опозиција може да го порази ДУИ во општини како Тетово, Чаир и Струга без поддршка од СДСМ?

„Работите може и поинаку да се дефинираат. Ова се локални избори кои се најдиректни и тука многу зависи со какви кандидати ќе излезат, со какви советнички листи ќе настапат и колку се партиите добро организирани. Секако дека ДУИ има потешка задача бидејќи треба да се брани во повеќето општини, исто како СДСМ која ги има повеќето општини од претходните избори. Накаде ќе одат со актуелните градоначалници, а некаде ќе настапат со нови кандидати. Во вакви случаи опозицијата има блага предност бидејќи оди со нови кандидати и предизвикува, секогаш тоа е полесно отколку да се браните.  Во однос на невклучувањето на БЕСА не е тоа нешто исклучително, има и други помали партии од владејачката коалиција кои ќе одат со свои советнички листи. Ќе биде интересно, секогаш локалните избори се некаков лакмус за наредните парламентарни избори“, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Дуото Заев и Ахмети се чини дека повторно е во пол позиција за освојување најголем број на општини и тоа уште во првиот круг.

Може ли да се преслика рецептот за успех како во 2017 година за славје во Бутел, Гази Баба, , Скопје, Куманово и други значајни општини?

„Не може така лесно однапред да се дефинира каде може да победат или не. Разликата меѓу овие и минатите локални избори е што сега веќе ја најавуваат коалицијата, ќе биде отворена и хармонизирана и мислам дека искуството им покажува дека кога соработуваат добро имаат и добро резултати. А каде ќе успеаат на крај ќе одлучат граѓаните“, вели Муслиу за Фактор.

Засега македонската опозиција претставена од најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ нема јасен партнер на кого ќе може да се потпре и иако имаше позитивни сигнали коалицијата со Алијанса и Алтернатива не е официјализирана.

Можат ли овие два субјекта без формална и јавна соработка да им нанесат порази на СДСМ и ДУИ?

„Дали ќе има фактичка соработка тоа не може да се процени, сметам дека формална коалиција нема да има бидејќи на централно ниво овие партии имаат многу несогласувања и спротиставени ставови. Едно од крунските законски решенија кои ги понуди Алтернатива, законот за државјанства не беше поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и обратно првичниот предлог за Резолуцијата за црвени линии во спорот со Бугарија не доби поддршка од Алтернатива. Ова не се единствени прашања за кои тие не се согласуваат и мислам дека ако тоа не успеат да го надминат пред изборите ќе немаат простор за било каква отворена соработка. Во однос на соработка на локално ниво најверојатно ќе имаат некаков вид на поддршка бидејќи имаат заеднички противници во СДСМ и ДУИ“, потенцира Муслиу.

Зелена агенда на алтернативците, растрчани социјалдемократи на терен, нов концепт на ВМРО-ДПМНЕ, голема популарност на Апасиев барем на социјалните мрежи, има прегрупирање во центарот со ДОМ и ЛДП и најавени се нови независни листи од граѓански активисти.

На што ќе биде ставен фокусот на претстојната кампања?

„Треба да почекаме да ги видиме кандидатите, кој ќе им биде политичкиот наратив, верувам дека владејачките ДУИ и СДСМ ќе инсистираат на локални прашања, а опозициските ќе инсистираат на централни прашања за да го зголемат капацитетот на нападот. Тука можеби е една од причините зошто ДУИ се ориентира кон зелената агенда, која е високо на позициите на владејачката СДСМ. Тие ќе ги потенцираат и предностите на централната власт и колку полесно може да носат одлуки и да работат за поддршка на прашања на локално ниво. За овие алтернативни решенија кои сега се појавија или се прегрупираа и кои не ги вклучуваат големите партии, да постигнат било каков позитивен резултат или ако само ги подобрат нивните позиции од претходните избори, тоа ќе се смета за огромен успех и капитал за следните изборни циклуси. Тоа не треба да се смета за нешто чудно бидејќи така и се формираат новите опции како во левицата така и во десницата, а не со деклративно промовирање, туку и со изборни резултати“, заклучува Муслиу.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир