14 Декември, 2025
0.0404

ДАЛИ НЕРАБОТНАТА НЕДЕЛА ПОВТОРНО СТАНА РАБОТНА, се повеќе отворени објекти на денот за одмор на работниците

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2023 07:13

Добивај вести на Viber

Зачестуваат укажувањата од граѓаните до нашата редакција за зголемување на објектите кои работат во недела, што е особено забележително во последните недели. Граѓаните до „Фактор“ пишуваат дека во својата околина се почесто забележуваат малски дуќани кои работат и во недела, а се зголемува и бројот на пекари кои се отворени во недела.

- Од самиот почеток кога беше донесен законот за недела неработен ден, во Чаир сите дуќани беа отворени, иако се гледаше дека е нелегално, дека се кријат оти работат. Во последниве недели сите работат како да нема закон кој забранува работа во недела. Имаме и такви кои се отвараат после шест часот – вели една повозрасна жителка од населбата Чаир.

Но, граѓаните велат дека маалски дуќани работат низ повеќе скопски населби, особено ако се во помали населени места во околината на главниот град.

- Порано сите дуќани беа затворени, сега имаме повеќе што работат. Што за нас е добредојдено, оти секогаш се случува нешто да фали дома. Во нашата околина, најчесто работат газдите на дуќаните, барем кај малските дуќани кои продаваат се од храна. Во билизината имаме и пекара, која работи секој ден, а притоа доаѓаат вработените, не газдите на објектот – вели четириесетгодишната Моника Т. од скопската населба Лисиче.

Од Државниот инспекторат за труд за „Фактор“ велат дека нивните проверки укажуваат оти законските одредби поврзани со утврдувањето на денот недела за неработен ден начелно се почитува. Од ДИТ посочуваат дека не водат евиденција за контролите или изречените казните за одредбите, но посочуваат дека сега сите дуќани кои се регистрирани како ДОЕЛ и чии газди се пријавени во компанијата можат да работат во недела, ако самите газди се на работното место.

- Ако се газдите вработени имаат право да работат во недела. Значи ако станува збор за фамилијарни дуќани, и ако се на сопруг или сопруга кои и самите работат во неделата тогаш дуќаните смеаат да работат. Од нашите проверки забележуваме дека законот во глобала се почитува – велат од ДИТ.

Фактор и претходно објави дека законите во државава не секаде се почитуваат, односно дека во одредени региони тие помалку се почитуваат отколку во други.

Веќе пишувавме дека голем број граѓани работењето на чаирските дуќани го пријавиле, односно испратиле претставки до Државниот инспекторат за труд, а имало укажувања и од Синдикатот. По сето ова, од Инспекторатот решиле да испратат вонредни инспекциски контроли во Чаир, при што биле изречени и бројни мерки.

Сепак, по многубројните поплаки и барања на бизнис фелата, законот беше неколку пати менуван, што овозможи да се работи во туристичите локации, но и да отворат и малски дуќани, ако самите газди работат во неделата. Проблематично е што со дополнувањата и измените се овозможи поголем простор за манипулации и злоупотреба на работниците.

Во анализатата насловена „Пропусти во регулативата за недела како неработен ден“ од Мимоза Богатинова Кузмановски, објавена на блогот на Институтот за комуникациски студии „Республика“, авторката укажува дека шест месеци откако почна да се применува Законот беше дополнет и изменет, но измените и дополнувањата и не решија многу.

- Очигледно е дека законското решение во моментот не е најсоодветно, што може да доведе до дискриминирање не само на работниците во остварување на своите работнички права, туку и на правните субјекти кои делуваат на слободниот пазар. Законските измени почнаа со примена набргу по нивното усвојување, што ги доведе во непријатна положба субјектите и лицата засегнати од регулативата. Во овој момент клучно е да се доуредат прописите со фокус на преиспитување и прецизно дефинирање на субјектите кои смеат да работат во недела, како и унифицирање на минималниот надоместок кој треба да го прими работникот кој работи во недела, за потоа да се пристапи кон имплементација и редовни контроли од добро обучени инспектори – потенцира авторката.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји