Добивај вести на Viber
Цените кои завршуваат со 9 или 99, се многу ефективни за привлекување на купувачи и таквите цени ги среќаваме насекаде.
Завршувањето на цената на 99 е засновано на теоријата дека читаме од лево кон десно, и првата цифра од цената веднаш ни го одвлекува вниманието. Затоа, пологично е купувачот да купи производ кој чини 399 наместо 400 денари, само затоа што цената започнува со 3 и изгледа поевтина од другата цена.
Кога цената завршува на 99, производот изгледа како да е на распродажба. Во тој случај купувачите мислат дека ќе заштедат иако заштедата е мала.
Продавниците кои нудат евтина роба, секогаш ги завршуваат своите цени со 99.
Овие бројки се магични и на трговците им носат поголема потрошувачка.
Историски гледано не може со сигурност да се потврди од кога се употребуваат вакви трикови за привлекување на купувачи.