05 Мај, 2024
0.0296

Дали кризата со Фолксваген има влијание на македонскиот автомобилски пазар?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

По откривањето на светскиот скандал во кој беше откриено дека Фолксваген инсталирал софвтери за манипулација во тестирањата на издувни гасови во 11 милиони автомобили, во Германија летаат оставки. Засега докажано е дека овие автомовили биле пласирани во САД но вчера Би-би-си јави дека такви автомобили кои произведуваат повеќе штетна емисија имало и во Европа. „Бевме информирани дека и кај дизел-моторите (на Фолксваген) во Европа, од 1,6 и 2,0 литри, исто така имало манипулации“, изјави германскиот министер за транспорт Александар Добринт. И додека светот и Фолксваген ги бројат последиците од мега-скандалот,  во Македонија смируваат. Од Од „Порше Македонија“ кои се генерален увозник на „Фолксваген“ велат дека се запазени сите стандарди „Ве информираме дека Фолксваген Групацијата во Македонија увезува возила со норматив ЕУ6 кои не се афектирани од мерката која е предмет на интерес во светските медиуми. Важечкиот стандард за увоз на нови возила во Република Македонија никогаш не бил повисок од ЕУ4, така што во континуитет се запазени сите важечки стандарди“, изјавија од таму за Фактор, прашани дали и во Македонија е можно да има од овие возила. Инаку, во Македонија нема техничка можност да провери дали во земјава се увезуваат автомобили кои не ги исполнуваат стандардите, нема таква лабораторија. - Сите современи возила содржат софтвер за системот за напојување и за контрола на издувната емисија. Процедурата за контрола на таа емисија се спроведува во сложени лаборатории, а таква во Македонија нема. Во тие лаборатории се проверува дали е исполнето барањето на техничките прописи на пробното возило изјави за Телма професорот Милан Ќосевски, кој е раководителот на Институтот за моторни возила на Машинскиот факултет во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години