Добивај вести на Viber
Добар начин да заштедите пари е да се одвикнете да трошите на скапи работи.
Постојат повеќе начини на кои можете да заштедите и да ви останат пари во семејниот буџет.
Максимално искористете го јавниот градски превоз, а за блиски релации одете пеш или со велосипед.
Ако не успеете да ја изедете храната што сте ја подготвиле за ручек, искористете ја за вечера.
За да заштедите на електрична енергија, заменете ги сите обичните светилки со еколошките, долготрајните и секогаш исклучете ги од струја апаратите кои не ги користите. Во текот на зимата умерено загревајте ги просториите, а во текот на летото клима уредот избегнувајте да го користите во текот на целиот ден.
Секогаш кога сте во можност плаќајте во готовина и избегнувајте ја кредитната картичка, затоа што така имате поголема прегледност во вашата финансиска состојба.
Ако добиете зголемување на платата, обидете се тие дополнителни средства да ги заштедите и да продолжите да живеете со она што досега сте го добивале. Доколку сте во можност најдете и некоја дополнителна работа.
Поставете си цел што сакате да ја постигнете со парите кои ги заработувате. Со финансиски план и организација, почнете во остварување на вашите цели.