29 Април, 2024
0.0239

Дали хрватскиот министер за земјоделство ќе биде првата жртва на скандалот со млекото?

Објавено во: Агробизнис 23 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Поради скандалот со млекото и одлуката на некои производители да го суспендираат купувањето на млеко од индивидуалните земјоделски стопанства, Хрватската селанска федерација испрати отворено писмо до министерот за земјоделство Тихомир Јаковина. Го повика да даде оставка на функцијата министер и на тој начин да го спаси спаси хрватското село. Од министерот бараат веднаш да ги преземе сите неопходни мерки за сточари наскоро повторно да го продаваат своето млеко, во кое, велат хрватските селани,  потрошувачите  се уште веруваат. Од утрото млекорпоизводителите на источна Славонија протестираа, како одговор на Дукат, која престана да купува млеко од 180 фарми во источна Славонија. - На поединци не треба да им биде дозволено да прават што сакаат, ова е само уништување на хрватското производство. Тоа треба да се сопре. На 4 март веројатно ќе излеземе со масовни протести. Тоа ќе биде резултат на широко незадоволство, велат некои  од оние што излегоа на протести.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?