14 Декември, 2025
0.0394

ДАЛИ ГРЦИТЕ ЌЕ MOЖЕ ДА РАБОТАТ ШЕСТ ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА: Денеска протести против новиот закон за работни односи

Објавено во: Балкан 21 Септември, 2023 14:34

Добивај вести на Viber

Работниците во грчкиот јавен сектор, меѓу кои наставници, лекари и возачи, денеска стапија во еднодневен штрајк поради најавените измени на Законот за работни односи, планирани од владата на премиерот Киријакос Мицотакис.

Возовите и автобусите сообраќаат со намалено работно време, бројот на персоналот во државните болници е значително намален, а многу училишта се затворени, пренесува Ројтерс.

Штрајкот го свика синдикатот АДЕДИ, кој претставува околу 500.000 работници во јавниот сектор.

Се очекува работниците да се соберат во центарот на Атина и да продолжат кон парламентот додека се расправа и гласа за измените на законот за работни односи.

Предлог-законот ќе им овозможи на вработените со полно работно време да имаат втора работа со скратено работно време, а тие ќе можат да работат најмногу 13 часа на ден.

Според овој закон, работодавачите можеа да воведат шестдневна работна недела, доколку сметаат дека е потребно, а вработените да бидат отпуштени во првата година на работа без предупредување или надомест.

Со предлог-законот се воведуваат парични казни и затворска казна од шест месеци за оние кои ќе ги вознемируваат вработените на работа за време на штрајк. Левичарската Сириза смета дека владата „тајно работи“ против вработените, а Комунистичката партија на Грција (ККЕ) го нарече предлог-законот „монструозен“.

ФОТО: Unsplash/Walter Martin

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?