ДАЛИ ПОЗНАТИОТ НЕВРОХИРУРГ ФИЛИПЧЕ Е МОЖЕН НОСИТЕЛ НА ЛИСТА ВО ИЗБОРНА ЕДИНИЦА 4? - чествување во Прилеп, се подготвува ли теренот за негово лансирање
Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2024 14:40
На фејсбук страницата која е означена како фан страна на д-р Венко Филипче е споделена објава за синоќешното одбележување на 80 годишнината од загинувањето на народниот херој Кузман Јосифовски Питу.
Чествувањето е направено во присуство на бројни членови на Сојузот на борците во родниот град на Питу, Прилеп.
Она што е интересно, е дека ова е по подолго време појавување во јавноста на д-р Венко Филипче за тема која не е директно поврзана со медицината.
Оваа објава ја споделија и бројни поддржувачи на владејачката СДСМ на социјалните мрежи.
Со оглед што Прилеп припаѓа на Изборна единица 4, а Филипче извесен период наназад често престојува во Струмица, дали ова ги подгрева шпекулациите дека познатиот неврохирург и поранешен министер за здравство е пик број 1 односно можен носител на изборната листа во оваа изборна единица во која припаѓаат Прилеп, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Богданци и Валандово.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




