14 Декември, 2025
0.1688

ДАЛИ ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ГО ДОСТИГНАА ПЛАФОНОТ - се предвидува стагнација, но не и намалување на пазарната вредност на метар квадратен

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2022 07:43

Добивај вести на Viber

Дали има изгледи да запре вртоглавиот раст на цените на становите во земјава, па дури и тие да се намалат, откако незапирливо растат подолго време, речиси две години наназад, но особено во последниов период.

Во светски рамки, во изминативе две недели веќе се случува нешто што аналитичарите го нарекуваат многу неочекувана работа, а тоа е дека се појавува фактор кој може да го сврти целиот процес во обратна насока.

Односно, на меѓународната сцена дојде до пад на цената на суровото железо, материјал, пак, кој се користи во голем процент во градежната индустрија, па затоа и се очекува дека може да го запре вртоглавиот раст на цената на становите, проследено и со евентуален очекуван пад на побарувачката.

Во Македонија, пак, засега нема никакво намалување ниту на цената, ниту на побарувачката за станови, иако голем процент од становите се сметаат како празни.

Од агенциите за недвижности со кои комуницираше Фактор велат дека побарувачката за станови во земјава и особено во главниот град засега нема никакви знаци на стивнување, ниту, пак, има било какви изгледи за намалување на цената на становите.

Сепак, дел од сопствениците на агенциите коментираат дека цените веќе го достигнале својот плафон и дека ќе стагнираат, но нема никакви изгледи да се намалат.

„Се уште владее голема побарувавачка за станови во земјава, особено за Скопје и особено за помалите станови. Цената на становите нема никакви знаци на намалување. На атрактивните локации цените се движат од 1.400 до 1.800 евра за метар квадратен, додека на локации за Ѓорче Петров или Ново Лисиче на пример, цените се од 800 па и до 1.200 евра“, велат вработени во една од агенциите за недвижности.

Оттаму се согласуваат дека цените на становите во земјава ги поминаа сите логични граници, но, како што нагласуваат, нема интенции ниту дека ќе се намалат.

„Зошто би се намалувале цните кога побарувачката е огромна. Факт е дека цените ги поминаа сите очекувани граници, но не би можеле ниту да кажеме дека ќе се намалат“, вели вработена во една од агенциите.

Сопственикот на друга агенција со кој разговаравме, исто така потврдува дека не е спласнат интересот за купување станови.

„Вообичаено на лето се намалува побарувачката, поради тоа што граѓаните се по годишни одмори, но за овој јуни не можеме да кажеме дека има голема разлика во побарувачката, односно намалување во однос на мај. Ако во Центар просекот е 1.500 евра за квадрат, значи просек, а има цени и кои се многу повисоки, Аеродром веќе е над 1.300 евра, а Кисела Вода и до над 1.250“, вели сопственикот на Агенцијата.

Според него, сите укажувања на пазарот говорат дека намалување во идниот период сигурно нема да има, но ќе има стагнација.

„Намалување нема да има, тоа сме сигурни. Но, очекуваме стагнација, бидејќи факт е дека цените го достигнаа својот плафон и веќе не е логично да продолжат да одат нагоре“, вели нашиот соговорник.

Податоците на Народна банка на Македонија за мај, говорат дека во тој месец, иако сумата на доделени станбени кредити продолжила да се зголемува, порастот е понизок во однос на април. Или, во мај се доделени нови станбени кредити на износ од 14 милиони евра, додека, пак, таа сума на нови станбени заеми била многу повисока во април и изнесувала 44 милиони евра.

Последен податок за растот на цената на становите е оној за првиот квартал од годинава, кога годишната стапка на пораст беше највисока досега и изнесуваше 12,4 отсто, откако и во последниот квартал од ланската година стапката на пораст беше огромна и беше на ниво од 11,2 проценти, што следуваше, пак, после далеку пониски стапки на пораст во претходните квартали.

Според пописот на ДЗС, од вкупно 839.174 станови, 531.987 или 63,4 отсто се населени, а 307.187 или 36,6 отсто се ненаселени. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји