15 Мај, 2024
0.0286

Дачиќ: Дали амбасадорите би реагирале благо да беше споменато Скопје, Епир или Улцињ?

Објавено во: Балкан 21 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска ги нарече опасни, а не „невнимателни“ изјавите на премиерот на Албанија, Еди Рама, претседателот на Косово, Хашим Тачи и на Јонуз Муслиу,  градоначалникот на општина Бујановац, за обединување на сите Албанци и за создавање на Голема Албанија.

Со тоа тој одговори на амбасадорите на САД во Белград, Приштина и Тирана, кои немаа остар речник за овие провокативни изјави. Тие изјави се опасни за мирот и стабилноста на Балканот и на Европа, смета Дачиќ. 

„Дали амбасадорите би реагирале толку благо да беше споменато Скопје, грчки Епир или црногорскиот Улцињ, како што Муслиу го стави српски Ниш во границата на Голема Албанија?“ – праша Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија вели дека таквите изјави не се невнимателни, туку одраз на јасната платформа за сите Албанци во Голема Албанија и порача дека додека таквите изјави не се окарактеризираат како закана за мирот во регионот, „Албанците ќе продолжат со провокациите“.

Дачиќ порача дека никаде во светот не е дозволено да се повикува на нарушување на територијалниот интегритет на една земја, „па нема да може ни во Србија“.

Амбасадорот на САД во Србија, Кајл Скот, денеска изјави дека изјавите за обединување што во изминатите денови беа дадени од албанските политичари од Албанија, Косово и од јужна Србија се невнимателни и дека не придонесуваат за стабилноста на регионот и не го поддржуваат европскиот пат на сите земји на Западен Балкан.

Во тој контекст реагираше и амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави, кој порача дека САД се против „невнимателните разговори“ за обединување на Косово и Албанија и против претераните реакции на таквите изјави, што ја поткопуваат регионалната стабилност.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето

БЕБЕ ФРЛЕНО ВО КОНТЕЈНЕР ВО ХРВАТСКА - полицијата откри во која состојбата е новороденчето