18 Декември, 2025
0.0805

Д-Р ЛИЛИЈА ЧОЛАКОВА ДЕРВИШОВА: Стимулацијата од 30 денари е бомбастична, но нема да има ефект

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2021 11:33

Добивај вести на Viber

Матичните лекари велат дека стимулацијата која синоќа на седница ја изгласа Владата, а се однесува на нив, доколку постигнат 70 отсто вакцинираност кај пациентите, е бомбастична мерка, но нема да даде ефект.

Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека педијатрите работат со мала популација која и онака не се вакцинира, другите лекари имаат пациенти кои или се прележани, или веќе се вакцинирале или пак имаат возрасни пациенти кои би можеле да имаат контраиндикации и нема да се имунизираат. Таа смета дека ниту еден матичен нема да го достигне бараниот процент за добивање на стимулација. Чолакова Дервишова објаснува дека на тема вакцинација тие со пациентите разговараат веќе две години, но ниту еден лекар нема да се дрзне да убедува пациент да се вакцинира, доколку тој не сака.

„Стимулација со услов не е стимулација. Во сите други соседни држави лекарите беа наградени без да се бара исполнување на некој услов. Пациентите си имаат загарантирано право со Устав и со закон самите да одлучуваат за себе. Ниту еден лекар нема да се дрзне да убедува некого да се вакцинира и да ја сруши таа доверба која ја градел 30 години“, рече Чолакова Дервишова.

Таа додава дека и во другите сфери кај нас, кога се наградуваат одредени кадри, тоа обично е без некакви услови. Вели дека 30 години не е направено ништо за примарното здравство во земјава.

30 денари од пациент за матичните лекари доколку 70 отсто од нивните пациенти се вакцинираат. Оваа предлог одлука беше донесена официјално на 122-та Седница на Владата. 

С. А.

ФОТО: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери