Д-Р. КОСТОВ-ВО ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ИМА НАПЛИВ НА ЗАРАЗЕНИ: Доаѓаат пациенти со најтешка клиничка слика и мора да бидат на респиратор
Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020 13:14
Со најтешка клиничка слика во последните два-три
дена доаѓаат заразени пациенти со корона вирусот во Градската општа болница „8
Септември“. Директорот, д-р. Христијан Костов за Фактор потврди дека новите
пациенти кои ги хоспитализираат, за 24 часа завршуваат на респиратор.
- Има наплив на новозаразени во ГОБ „8 Септември“, односно во тријажниот центар на болницата. Ситуацијата е навистина тешка, особено поради фактот што во последните два-три дена тука се хоспитализираат 6 до 8 позитивни на Ковид-19. Загрижува фактот што заболените само по 24 часа мора да бидат ставени на респиратор, бидејќи многу брзо развиваат тромбемболија, а од тоа тешко некој може да се спаси, вели д-р. Костов за Фактор.
Појаснува дека во моментов има 8 пациенти кои се на респиратор и дека остануваат слободни уште 15 респираторни апарати, нагласувајќи дека оваа болест е голема енигма и дека постојано се менуваат лекарствата и терапиите.
А.Б.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




