Д-р. Арсенков за состојбата на Боки 13: Пациентот не може да закрепне после операцијата на чирот на желудникот
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2020
Нашиот пациент
Бојан Јовановски, кој подолго време беше хоспитализиран во Универзитетската
болница за хируршки болести, „Свети Климет Охридски“, повторно е примен на
лекување пред неколку дена, со нарушена општа состојба, потврди за Фактор,
директорот, д-р. Љубен Арсенков.
Вели дека во моментов прима инфузија и нема дијагностика која бара хируршки зафат. Сепак, најверојатно условите во кои во моментов се наоѓа не придонесуваат за негово постоперативно закрепнување
-Направени се лабораториски испитувања. Веројатно-хигиенско-диететскиот режим во условите во кои се наоѓа пациентот не корелираат со потребите за негово постоперативно закрепнување, вели во изјавата за фактор, д-р. Арсенков.
Инаку, Бојан Јовановски, кој во јавноста е познат како Боки 13, на 8.септември итно беше примен во оваа здравствена установа поради пукнат чир на желудникот, по што веднаш е опериран. Неговата здравствена состојба оттогаш е нарушена и долг период остана хоспитализиран во болницата. Поради тоа, како и денеска и претходно беше одложено рочиштата за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој е обвинет Боки 13.
Инаку за аферата „Рекет“, Бојан Јовановски беше осуден на 9 години затворска казна.
А.Б.