ЦРНОГОРЦИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ЗА 22 ОТСТО ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ: Објавени се податоците за просечните плати во април
Објавено во: Економија, Балкан 30 Мај, 2025 19:01
Просечната нето плата во април е зголемена за 21,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Податоците се на Монстат.
Просечната заработка без даноци и придонеси во април, според податоците на Монстат, изнесувала 1.010 евра и е за 0,6 проценти повисока од март.
Во споредба со истиот месец минатата година, просечната нето заработка во април забележа раст од 21,9 проценти.
Просечната бруто плата во април во Црна Гора изнесувала 1.200 евра.
„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во април во споредба со март забележале зголемување од 0,8 проценти, следува дека реалната заработка за истиот период забележала пад од 0,2 проценти“, се наведува во соопштението.
Во споредба со претходниот месец, просечната нето заработка во април евидентира раст во секторите уметничка забава и рекреативни активности за 2,7 проценти, здравство и социјална грижа за 2,5 проценти, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 1,9 проценти, државна администрација и одбрана: задолжително социјално осигурување за 1,8 проценти, преработувачка индустрија за 1,2 проценти, сместување и угостителски услуги за 1,2 проценти, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 1,1 процент, градежништво 1,1 процент, рударство и вадење камен 0,4 проценти, образование 0,3 проценти и земјоделство, шумарство и рибарство 0,2 проценти.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




