20 Мај, 2024
0.0295

Црно, јако, горко или благо, без него не се може! Кои се македонски кралеви на кофеинот?

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

На кафе трошиме повеќе од 20 милиони евра годишно. Производ без кој не можеме на дневна основа. Колкави заработки носи и колкав приход прави во анализата подолу

Македонската кофеинска индустрија лани беше под силен удар на корона кризата. Податоците од Централниот регистар (ЦР) покажуваат дека застојот во сите општествени сфери лани имаше големо и силно влијание и врз македонската индустрија за преработка на кафе.

Македонските граѓани и понатаму остануваат зависници од кофеинот. Бизнисот за преработка на кафе од увоз, според агрегатни податоци, лани генерирал приходи кои надминуваат 20 милиони евра. Од фирмите кои преработуваат кафе и го пласираат на нашиот пазар и лани доминира „Рио кафе“ која и покрај големиот пад на продажба има доминантна пазарна позиција. Нејзината продажба лани изнесува 8,24 милиони евра. Во споредба со претходната година продажбата „лизнала“ речиси 1,3 милиони евра односно 13 отсто покажуваат податоците на ЦР единствената институција која има законски јавни овластувања да собира, агрегира и пласира финансиски информации.

Најголем конкурент лани на „Рио кафе“ ако така може да се каже била „Интер кафе“ од гостиварското село Зубовце. Ова друштво лани има приход од речиси 3 милиони евра (2,9 милиони евра) и може да се каже дека е убедлив победник во остварен раст на приходи во конкуренција со другите три најголеми преработувачи на кафе. Податоците од ЦР покажуваат дека „интер кафе“ лани го зголемил за 25 отсто своето пазарно учество.

Најголем конкурент на оваа компанија е скопската фирма „Евтинија“ со реализација од 2,32 милиони евра. Таа го одржала пазарното учество кое го имала и во претходната година.

Во петте најголеми преработувачи на кафе лани биле уште „Конимекс холдинг“ и Ројтем ДОО. Првата од двете компании од продажба инкасирала 2,13 милиони евра и според податоците од ЦР таа е втора според раст на продажбата (од 20 отсто) по „Интер кафе“.

„Ројтем“ изгубил лани 28 отсто од пазарното учество во споредба со 2019 година и неговата продажба изнесува 1,33 милиони евра.

Најуспешна компанија за преработка и продажба на кафе од наброените пет лани била , очекувано, „Рио кафе“ со профит од 618.000 евра. Во првите пет компании, дури четири книжат пониски добивки од 2019 година. Според ЦР само „Ројтем“ успеал да го задржи нивото на профит кое ги имал како и во 2019 година.   

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра