Црни прогнози: Електричните автомобили нема да стават крај на ерата на нафтата
Објавено во: Економија 07 Ноември, 2016
Меѓународната енергетска агенција излезе со нови анализи според кои електричните автомобили иако ветуваат многу технолошки промени нема да предизвикаат крај на ерата на нафтата.
Според МЕА засега електричните автомобили поставуваат позитивни трендови, но вкупната потрошувачка на нафтени горива не зависи само од колите, туку од авионите, камионите и бродовите кои немаат други алтернативи.
Токму затоа електричните автомобили не се доволни за да предизвикаат целосна неупотребливост на фосилните горива кои пак, најмногу влијаат на загадување на природата и испуштање на јаглероден диоскид во атмосферата.
Целосен или барем помасовен чекор во напуштање на фосилните горива ќе има само кога алтернативните извори на енергија ќе станат подостапни, поефикасни и технолошки понапредни за да ги задоволат потребите на транспортната индустрија.