19 Мај, 2024
0.0273

Црна Гора очекува помалку Украинци и Руси, но повеќе Македонци со минатогодишни цени

Објавено во: Економија 09 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Националната туристичката организација на Црна Гора очекува враќање на македонските туристи во уште поголем број, по две години пандемија, а за тоа уверуваат дека цените остануваат исти и покрај бранот поскапувања што го зафатија регионот.

“Туристите во регионов немаат навика за ран букинг, и по тој основ да добиваат поевтини аранжмани до 30 отсто. Во еден од најлуксузните хотели во Црна Гора “Сплендид” редовно доаѓаат македонски туристи, и тие се секогаш добродојдени за нас”, изјави вчера Весна Поповиќ од групацијата на хотели Монтенегро Старс која претстојува во Скопје.

Туристичкиот сојуз на Црна Гора го посети Скопје, каде претставници на Будва, Тиват, Улцињ, Бар, Подгорица, Цетиње ги споделија плановите за летото и ја поканија македонската јавност да ги помине летните месеци во некои од туристичките локалитети во Црна Гора. 

Лиљана Цукиќ, претставничката на НТО, вели дека Црна Гора ќе се потруди за престојната сезона да ги примами младите туристи од Македонија, додека истовремено има голем број на семејства од нашата земја кои традиционално летуваат таму. За бројки, вели дека е неблагодарно да се зборува, во период когасе уште владее пандемија.

- Има еден верен број на туристи кои секогаш се враќаат. Има една стабилна основа од 30-40 илјади, но ние сакаме таа бројка да се зголеми. Најважно за тоа е да го намалиме времето на патување. Патот преку Албанија се уште е најкраток, но се работи и на други делници, вели Цукиќ.

Цените на туристичките услуги се задржани на ланското ниво, и за приватно сместување се движат од 7 до 15 евра по човек, додека од 30-60 евра за апартмани. Црна Гора беше една од првите земји која уште во март ги укина Ковид сертификатите. Таа додава дека Црна Гора не ја прават само плажите, туку и еко-селата, спа-центрите, свежиот воздух и историските објекти.

- Силно ќе се трудиме да го надоместиме она што ќе го загубиме во смисла на бројот на туристи од Украина и најверојатно од Русија. Затоа воспоставуваме врски со Саудиска Арабија, Казахстан, Израел и Турција и отвораме авио линии со се поголем број градови низ Европа, додава Цукиќ.

Општина Будва најавува традиционално богата летна туристичка понуда со голем број настани, а градот има амбиција туристичката сезона да трае од март до ноември.

- Луѓето кои издаваат приватни сместувања и хотелиерите подготвија аранжмани за претстојната туристичка сезона, па така во будванските хотели со 3 ѕвезди може да се најде сместување почнувајќи од 30 евра со вклучен појадок, во хотелите со 4 ѕвезди почнувајќи од 40 евра, а во хотелите со 5 ѕвезди цените за сместување со вклучен појадок почнуваат од 97 евра по лице. Во зависност од категоријата на приватно сместување, цените за преноќување се движат од 10 евра па нагоре, најавува Тијана Котарац, општинскиот промотор на Будва.

Во Тиват велат имало сместување за 1.000 евра по ноќ, но има и за 10. Во Бар цените се од 7 до 30 евра по ноќевање. Цените традиционално се пристапни и за сечиј џеб во Улцињ. Од НТО велат дека коридорите се отворени и за Подгорица и Цетиње, каде што вреди да се посетат планинските центри.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?