ЦРН КРУГ ЛЕБДИ НАД МОСКВА: Граѓаните споделуваат видео, но не знаат што е тоа
Објавено во: Свет 28 Март, 2023 15:08
Видеото од црн прстен од чад над руската престолнина стана
вирално на социјалните мрежи, а многу корисници на Твитер шпекулираат како е
создаден кругот.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, го сподели видеото на својот Твитер профил и досега го погледнале повеќе од два милиони луѓе.
„Жителите на Москва споделуваат видео од црн круг на небото. Што мислите што е ова?“, праша Герашченко на Твитер.
Residents of Moscow publish videos of a black circle in the city's sky.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 27, 2023
What do you think happened there? pic.twitter.com/Ne9CIEDUhI
И не е единствениот кој сподели видео од оваа необична сцена.
Многумина на социјалните мрежи шпекулираат за што се работи, некои тврдат дека видеото е лажно, други дека ова е доказ дека постојат вонземјани, но факт е дека оваа појава е снимена и претходно на бројни локации низ светот.
Слична сцена била забележана во близина на замокот Ворвик во Англија во 2014 година, јавува Би-Би-Си. Црниот прстен наводно лебдел на небото околу три минути и бил снимен од 16-годишна девојка на нејзиниот телефон.
Овој инцидент повторно предизвика шпекулации и загриженост кај поединци кои ја виделе сликата. Некои сугерираат дека тоа би можело да биде рој од инсекти или птици.
Други пишуваа дека се работи за природен временски феномен, теорија која ја отфрли Метеоролошката канцеларија.
Според извештаите, сличен инцидент во Пакистан предизвика бурни реакции во 2020 година.
Тенок црн прстен е забележан на небото над Лахоре, Пакистан, што предизвика загриженост на интернет, пишува The Sun.
И покрај загриженоста, извештајот истакна многу веродостојни објаснувања. Индустриски дефект на земјата, како што е експлодираниот електричен трансформатор, може да го создаде овој ефект. Во извештајот се наведува и дека црниот прстен може да биде предизвикан и од употреба на огномет и се наведува дека вителот на чад бара експлозија низ кружна структура, како што е фабрички оџак или домашна канта за ѓубре.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




