ЦРН БИЛАНС: Колку деца загинаа досега во Газа?
Објавено во: Свет 18 Март, 2024
Поразителна е статистиката на УНИЦЕФ според која убиени се 13.000 деца во Појасот Газа.
„Повеќе од 13.000 деца се убиени во Појасот Газа од почетокот на офанзивата на Израел“, објави денеска Фондот на Обединетите нации за деца (Уницеф).
Извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел изјави денеска дека во конфликтот во Појасот Газа е забележана речиси најголема стапка на смртност меѓу децата од сите конфликти во светот, пренесува Ројтерс.
Расел се уверила дека бебињата и децата се толку изнемоштени што немаат сила ни да плачат. Додаде дека постојат многу големи бирократски проблеми кога станува збор за доставување хуманитарна помош во Газа со камиони.
Втора поголема пратка хуманитарна помош за Газа во рамките на иницијативата „Амалтиа“, подготвена е да отплови од Кипар.Палестинската терористичка група Хамас лани на 7 октомври почна со напади на Израел. Палестинците бараат формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим.