ЦИПРАС ПРЕД ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА ДОГОВОРОТ: Грците повторно на протести
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2019
Утревечер е извесно дека на улиците во Грција ќе има толпи народ кои ќе протестираат.
Токму тогаш грчкиот парламент би требало да го ратификува Преспанскиот договор.
Во најавите на грчките организации, стои дека протестот ќе се одржува попладне на плоштадот Синтагма а организаторите ги повикуваат Грците да излезат и да го „изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“.
Пленарната седница на која грчките пратеници ќе расправаат за договорот е закажана за 10 часот.
Колкав ќе биде бројот на пратеници пријавени за збор толку ќе трае седницата.
Претходно Комисијата за надворешни работи и одбрана на грчкиот Парламент го усвои нацрт закон според кој се ратификува и стапува на сила Договорот од Преспа.
Foto: EPА