26 Април, 2024
0.0414

ЧУЛЕВ ИСТРАЖУВА - кој го направи проблемот со пасошите, се бара решение

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, а од нив 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. 

До пристигнување на новата пратка обрасци системот за издавање патни исправи се размислува да биде ставен вон функција, информира техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

Тој повтори дека од моментот на стапување на функција се соочил со недостиг на лични документи. При тоа, рече, за личните карти и возачките дозволи недостиг е надминат со натчовечки напори и ургенции до Веридос, но проблемот со патни исправи останува да постои и понатаму како резултат на лошо планирање, пропусти во работењето и несовесно работење и доцнење со нарачката на патните исправи. Според него, согласно она што фирмата Веридос го барала од нас нарачката требало да биде направена шест месеци до денот на доставување.

„Имено на 6 декевмри 2019 во информација доставена до министерот за внатрешни работи од страна на помошникот министер се укажува дека на залиха имало 88.100 пасоши. Кога дојдов јас како министер службите не информираа дека имаме сериозен недостиг на лични докумнети вклучително и пасоши и во информација само еден месец подоцна на 8 јануари 2020 година службите ме информираа дека имаме само 27.580 пасоши, или околу 50.000 помалку“, рече Чулев.

Тоа е, рече, резултат на несовесно и нестручно работење и во моментов се врши истрага да се утврди одговорноста.

„Во моментот на располагање имаме околу 16.500 поднесени барања во редовна постапка за издавање патни исправи, а по итна истапка до вчера на располагање имаме околу 3.700 патни исправи“, рече Чулев

Тој додаде и дека во саботата контактирал и со германската Амбасада, а предложил и заклучоци до Владата да изнајде модус или методологија за надминување на состојбата но, рече, од Владата немало разбирање и го вратила предметот во ингеренции на МВР.

Заедно со управувачкиот комитет на МВР кој одлучува за овие проблеми и со заменик дополнителниот министер вчера го разгледувале проблемот за можни решенија и заклучиле дека мора да се стави системот за издавање патни исправи вон функција, односно да се забрани аплизирање за издавање пасоши по редовна и по итна постапка.

„Во текот на денешниот ден повторно ќе направиме обиди за решавање на проблемот, а во МВР веќе сме при крај за утврдување методологија. Приоритет ќе имаат сите оние случаи каде е неопходно издавање пасоши заради здравствени причини“, рече Чулев.

Нагласи дека разговарал и со техничкиот премиер Спасовски кој лично интервенирал до германските власти за надминување на проблемот, а бидејќи се работи за државен проблем кој ги надминува можностите на МВР, повторно денеска од Владата ќе побара да го адресира проблемот за да се надмине.

На новинарско прашање рече дека на сите граѓани кои претходно имаат закажано по итна постапка, а тоа се околу 650 барања, ќе им се издадат патни исправи, но не и за оние барања за издавање патни исправи по редовна постапка. Наредната нарачка од Веридос согласно склучениот договор е 24 март, но имаат ветувања од компанијата дека тој рок може да се скрати од 10 дена до две недели, но тоа не е официјализирано.

Нарачка има и за обрасци за нови патни исправи со новото уставно име кои треба да дојдат од септември.

Можеби ќе ве интересира

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство се грижеше како за свои деца“