26 Април, 2024
0.0292

Чукаме на неговата врата, а тој е најмоќниот човек во Европа

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Објавен е списокот на најмоќните луѓе во Европа, а нивните одлуки директно влијаат на нашата иднина. 

Бриселскиот портал „Politico“ направил годишна листа на најмоќните луѓе во Европа или пак листа на луѓе кои во 2020-та година би можеле да ја обликуваат Европа. 

На врвот на листата е францускиот претседател Емануел Макрон. Другите 27 луѓе од листата се сместени во три категории претставени во три видови моќ - луѓе од акција, негативци и сонувачи.

Веднаш позади него на листата е Маргарет Вестагер од Данска која е сместена во групата луѓе од акција, а која добила втор мандат во Европската комисија како комесар за конкуренција.

Во категоријата „луѓе од акција“ ставени се и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, рускиот претседател Владимир Путин, британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, ирскиот премиер Лео Варадкар, поранешниот и веројатно иден австиски канцелар Себастијан Курц и европскиот комесар за трговија Фил Хоган.

Во категоријата „негативци“ се нашле девет луѓе каде што првото место го има советникот на британскиот премиер Доминик кој е познат поради тоа што на Британија ѝ приреди шок во 2016-та година така што се открило дека бил мозокот за компанијата за излегувањето од ЕУ.

На второто место е претседателот на германската политичка партија „Зелени“, Роберт Хабек.

На листата на „негативци“ се и извршниот директор на Фејсбук, Дејвид Маркус познат по тоа што се обидува да ја наметне крипто валутата, лидерот на италијанското движење Матео Ренци, шкотската премиерка Никол Старџеон, шефот на германската агенција за заштита на податоци Јоханес Каспер, францускиот левичарски ориентиран политичар Франсоа Руфин, првата словенечка претседателка Зузана Чапутова.

Во оваа категорија е ставен и поранешниот италијански министер за внатрешни работи и лидер на десничарската партија „Лига Север“, Матео Салвини.

Во категоријата на сонувачи на првото место е активистката Грета Тунберг. Исто така тука се наоѓа и унгарскиот премиер Виктор Орбан за кој се вели дека е предводник на национализмот во ЕУ, францускиот министер за финансии Бруно ле Мер, Германката Карола Рекетер која станала позната поради тоа што спасувала мигранти кај италијанското крајбрежје, генералниот секретар на Европскиот парламент Клаус Веле и британската комесарка за информации, Елизабета Деам.

Рангиран е и германскиот писател и изведувач Гоц Хубичек кој го сметаат за гуру во паритјата AfD, германскиот министер за финансии Олаф Шолц и работник од фирмата “Delivero“, Жан Даниел Замор.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката