ЧОВЕКОТ ШТО ГО ПОСТАВИ АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Е ЛИШЕН ОД СЛОБОДА - тој има 33 години и е од Мала Речица, со него имало уште еден и по него се трага
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2023 09:40
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Овој човек се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.
Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово, а настанот беше евидентиран преку камери за видео надзор.
Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски преку социјалните мрежи го осуди, според него, вандалскиот упад во манастирот Св. Наум на Попова Шапка и симнувањето на знамето на МПЦ- Охридска Архиепископија. Тој обвини дека овој чин има за цел предизвикување омраза и раздор и побара сторителите да бидат најстрого санкционирани.
- Вакво поведение е недозволиво и ги подрива сите напори за градење здрави општествени односи во нашето кревко плурално општество, напиша меѓудругото Сотировски.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




