Пари има само за претседателите и директорите: Колкава е просечната плата во синдикатите, невладините, друштвата
Објавено во: Економија 09 Август, 2018 07:21
Вработените (обично само
претседателите и секретарите) во невладините организации во Македонија, во синдикатите,
фондации, еколошки друштва, здруженија за штитење на човековите права,
остварување на политички интереси, спортско-рекреативни сојузи, во просек
годишно биле платени по 729.249 денари, односно по 1.000 евра месечно во
2016-та, покажуваат последните податоци од Државниот завод за статистика
Станува збор за непрофитни организации, кои своите приходи ги остваруваат од членарини, донации, проекти и од надворешни фондови.
Пред нив се само компјутерските програмери и консултанти (835.545 денари годишен севкупен приход), вршителите на помошни услужни дејства во рударството (830.834) и вработените во телекомуникациите (751.535), во 96-те групирања на професиите.
- Тоа се организации кои структурно се многу различни и ги има од секаков тип. Немаат големи издатоци и според тоа вработените можат да поделат повеќе. Најчесто вработени се еден до двајца, додека повеќето своите активности ги извршуваат волонтерски или хонорарно. Немаат сопственик и според тоа, „профитот“ го делат тие - вели даночниот експерт Павле Гацов.
Во последно време формирањето на невладините организации е мошне популарно. Доколку ги анализираме податоците за новооснованите субјекти во последните пет години може да се заклучи дека најактуелни дејности, покрај трговијата, биле угостителството, невладините организации, малопродажбата на храна и облека, како и салоните за убавина. Во овие дејности се основани над 25% од вкупниот број на новите компании во Македонија во изминатите години.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




