18 Декември, 2025
0.0944

Членот на Левица кој се расправаше со Заев на Могилата на непобедените е првостепено осуден

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2022 16:09

Добивај вести на Viber

Иван Јованоски од Левица e првостепено осуден за инцидентот со eкс премиерот Зоран Заев, соопштија од партијата. 

Тие велат дека нивниот член е осуден во монтиран случај по директива на Заев.  Од Левица додаваат дека на само еден ден пред Денот на народното востание на македонскиот народ, нивниот член прекршочно е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените во Прилеп. 

„Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато, тој нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ. Дека се работи за типична репресија на хибридниот режим, потврдува тоа што како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка не се јавува поранешниот премиер Заев – туку извесен полициски службеник Златко Николоски, кој не е оштетена странка во случајот. Ваквите тоталитарни методи на власта во пад потврдува дека Ковачески е доследен послушник на Заев, кој единствено владее преку партизираност на институциите, закани и прогон, а Македонија е целосно заробена држава од фамилијата Заеви. Континуираниот прогон со кој се соочуваат членовите на Левица од тоталитарниот режим на СДС и ДУИ само уште повеќе го мотивира нашиот борбен дух против оваа криминална банда на политиканти – а од позиција на власт и ослободени институции, Левица ќе иницира кривичен прогон против сите оние кои го силуваа правото и Уставот за време на Заевизмот“, велат од Левица. 

Партијата Левица најави дека ќе ги искористи сите инстанци за да ја обжали пресудата. 

На настанот лани, активисти на Левица порачаа на претставници на власта дека немаат право ни лице да бидат на Могилата, и рекоа дека треба да одат да си слават во Бугарија. Заев на ова им врати да одат на психијатар. 

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија