09 Мај, 2024
0.0281

Чифлиганец преку Адора инженеринг ја зацврстува довербата во Комерцијална банка

Објавено во: Економија 13 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Адора инженеринг деновиве ја зголеми сопственичката структура во една од најреномираните банки во земјава- Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје, сега поседува 291.380 обични акции со право на глас во најголемата и најсигурната банка во земјава, или 12,78 % од основната главнина во банката.

Компанијата оваа инвестиција ја реализира најтранспарентно на Македонската берза за хартии од вредност, купувајќи минатата недела 13.600 обични акции по цена од 7.900 денари по акција, а деновиве купи 10.872 акции по пазарна цена од 6.761 денар за акција. Ова покажува дека компанијата Адора инженеринг верува во сигурноста и стабилноста на Комерцијална банка-Скопје. Берзанските аналитичари велат дека станува збор за позитивен потег, дури и во време кога поради корона вирусот паѓаат и домашната, а особено е остар падот на светските берзи. Тоа покажува дека вербата во Комерцијална банка е голема, бидејќи таа е столбот на македонската економија.

Според нив позитивно е тоа што Адора купува акции по пазарни цени на Македонската берза за хартии  од вредност, нема договорени блок трансакции по однапред утврдени цени, како што се случувало обично на берзата кога станува збор за купување на поголем број акции во некоја од македонските компании, банки. Адора  покажа сериозен пристап и континуитет во купувањето на акции во Комерцијална банка.

Што значи довербата во една од најголемите и најсигурните банки- Комерцијална банка Скопје станува уште поголема со тоа што проф. д-р Ванчо Чифлиганец преку Адора инженеринг го зацврстува своето учество во банката, станувајќи квалификуван акционер, односно најголем поединечен акционер, поседувајќи 12,78 % од основната главнина на банката и е член на Надзорниот одбор во Комерцијална банка.

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец не сакаше многу да образложува, само кусо изјави дека верува во вложените финансиски средства, бидејќи од година во година Комерцијална банка се профилира во најголемата и најсигурната банка за депонентите, клиентите, а на крајот и за акционерите. Се работи за банка со над 95 % учество на македонски капитал во сопственичката структура.

„Верувам во мојата земја и во македонската економија. Верувам дека инвестираните средства ќе вродат со плод. Секогаш сум имал знаење, храброст и сум сметал дека со посветеност и со пот, успехот секогаш доаѓа“, вели генералниот директор на Адора Инженеринг, проф.д-р Ванчо Чифлиганец.

Адора инженеринг веќе 18 години е лидер во градежништвото –високоградба, клучен сектор кој ја раздвижуваше економијата, но во изминатите две години застана работата во овој сектор, мораториумите си го направија своето, се стесни просторот за инвестирање во овој сектор. Бројот на вработени во Адора од 500 лица, до пред неколку години, кои работеа на повеќе објекти во Скопје се сведе на 50-тина. Ова се причините поради кои градежниот бренд инвестициите ги насочи во финансискиот сектор.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?