20 Април, 2024
0.0260

ЧЕВЛАРИТЕ БЕЗ РАБОТА: Старите нарачки привршуваат, за нови абер нема

Објавено во: Економија 07 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Сѐ помалку работа има за чевларите. Чевларските фирми од Куманово ги привршуваат нарачките за странските партнери, а дали ќе има нови засега не знаат.

Лидија Милановска од Здружението на чевлари вели дека засега само 20 до 30 отсто од чевларите работат, а другите компании или отпуштиле дел од работниците, или тоа ќе го сторат наскоро ако состојбата со пандемијата не се нормализира. Објаснува дека производите ги пласираат на италијанскиот, германскиот и дел на холандскиот пазар и затоа се чека повратен сигнал од овие земји, дали пандемијата ќе стивне.

„Нашата работа сега ќе зависи од вакцинацијата, овде и во Европа, затоа што ние работиме за тој пазар. Јас засега имам работа, но многу од фирмите немаат работа. Многу работници се пуштени дома. Ќе видиме како ќе тече вакцинацијата, да се нормализира сѐ, да се отворат продавниците“, вели Милановска.

Објаснува дека обувките кои се произведени за овдешниот пазар не се продадени, имаат залихи кои не можат да ги продадат. Многу луѓе работат од дома, учениците следат онлајн  настава, и затоа и потребата за купување на чевли е помала.

„Оваа година многу малку вложувавме во домашното производство, малку инвестиравме, затоа што и она што го имаме не знаеме дали ќе се продаде. Сега граѓаните најмногу трошат за храна, а многу помалку на обувки“, рече Милановска.

Откако почна пандемијата, овој сектор во неколку наврати доживеа критични моменти, при што имаше бранови отпуштања. Дали 2021 година ќе биде подобра од лани не може да се предвиди.

Во Куманово чевларскиот сектор броеше околу 1.200 работници, а приближно толкав број имаше и во другите градови во земјава, но сега бројот е намален. Ништо подобар не  е ниту текстилниот сектор. Над половина од штипските тектилни работници деновиве заминаа на колективен одмор. Станува збор за 3.500 работници вработени во околу 70 конфекции во градот. На ниво на државата доаѓаме до бројка од над 6.000 текстилци. Компаниите се одлучиле да ги испратат работниците на одмор, поради неизвесноста и недонесувањето на петтиот пакет на мерки, но и затворањето во Европа, со што нивните партнери засега не склучуваат нови нарачки.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите