ЧЕТВРТИОТ БРАН ПОЧНА, НО НАЈСИЛНИОТ УДАР ЌЕ СЛЕДУВА: Епидемиологот Кон тврди дека ќе трае подолго од два месеца
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2021 10:33
Четвртиот бран на корона вирусот кој се очекуваше наесен, според последните податоци,
тој практично веќе е започнат и се поставува само прашањето
колкав ќе биде интензитетот и колку ќе трае, вели епидемиологот Предраг Кон.
-Тврдењата дека се соочуваме со нов удар на епидемијата на ковид-19 се засноваат на сè што научивме за тоа, времето на инкубација, обемот на вакцинација, што тешко ќе се промени. Јасно можете да видите што нè чека од примерите на Велика Британија и Израел, стапката на репродукција јасно покажува дека бројот на заразени лица се зголемува од недела во недела, тоа ќе се случи и кај нас, тој број ќе се зголеми во однос на нашето однесување, рече д-р Кон во гостувањето на Нова С.
Смета дека четвртиот бран ќе трае подолго од два месеца, нагласувајќи дека колку поопуштено се однесувааат граѓаните, толку побрзо ќе се зголемува бројот на инфицирани.
-Бројот на новоинфицирани ќе расте побрзо. Во тој случај, пикот го очекувам за 6 недели, но вкупно овој бран ќе трае подолго затоа што потребно е време да се намали кривата. Ситуацијата не е воопшто безопасна, иако сите очекуваа дека ќе имаме мирно лето. Сите очекувавме голем удар во септември и октомври, а тој започна веќе во јули. Она што се случува во моментов можеби не е толку лошо. Имено, вирусот не може да има толкава моќ сега во текот на летото, високи температури и сончеви интервали, како на есен. Верувам дека ситуацијата нема да се влоши во септември, бидејќи тоа се случува сега во јули. Но наредниот удар, со максимален број нови инфекции, може да се очекува на крајот на есента, во ноември и декември, изјави, рече епидемиологот Кон.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





