05 Мај, 2024
0.0238

Четирите најголеми банки заработија чисти 60 милиони евра

Објавено во: Економија 19 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Според финансиските извештаи на четирите најголеми македонски бански, 2017 ќе  биде плодна година со оглед на тоа што само профитот односно чистата заработка изнесува околу 60 милиони евра со вкупна нето наплата на каматите од 122 милиони евра за првите десет месеци од годинава, што остава простор за уште поголем профит до крајот на годината кога ќе се прегледаат вкупните годишни резултати.

 Четирите најголеми деловни банки во земјава: „Стопанска банка Скопје“, „НЛБ банка“, „Комерцијална банка“ и „Охридска банка“ за првите девет месеци годинава направиле профит од 60,4 милиони евра покажуваат официјалните податоци што ги објавиле овие компании.

Вкупните нето приходи од камати кај овие банки за првите девет месеци годинава изнесуваат 7,948 милијарди денари односно 128,8 милиони евра. Тоа се парите што банките, според книговодствената евиденција ги наплатиле, од своите клиенти –македонските граѓани и правните лица во земјава.

Расходите за камати на четирите банки во периодот јануари-септември изнесуваат 1,675 милијарди денари односно 27,1 милиони евра. Тоа се пари што биле трошок на банките за камати на депозити и штедни влогови на граѓаните и на правните лица во земјава.

Најпросто кажано кога ќе се удри црта банките платиле 27,1 милиони евра за парите што ги земале на чување, а од нив инкасирале пет пати повеќе.

Како работеле банките?

Најголем дел од добивката ја оствариле „Стопанска банка“ и „НЛБ банка“. „Стопанска банка“ е во добивка од 1,881 милијарди денари, а НЛБ има 1,528 милијарди денари. „Охридска банка“ за првите девет месеци остварила добивка од 209 милиони денари, а „Комерцијална банка“ реализирала профит од 106 милиони денари.

Од аспект на најзначајната приходна ставка - нивото на нето приходи од камати три од банките се меѓусебно конкурентни и тоа по следниот редослед: „Стопанска банка Скопје“ има нето приходи од камати од 2,766 милијарди денари, „Комерцијална банка“ има 2,150 милијарди денари, а НЛБ Банка има 2,143 милијарди денари. „Охридска банка“ има нето приход од камати од 889 милиони денари. Кај втората по значење приходна ставка редоследот е следен: „НЛБ Скопје“ има најголеми нето приходи од надоместоци и провизии и тие се 747 милиони денари, а „Стопанска банка Скопје“ има 727,8 милиони денари. „Комерцијална банка“ остварила нето приходи од надоместоци и провизии од 624 милиони денари, а „Охридска банка“ 203 милиони денари.

Разликата во добивките кај банките во најголема мерка е резултат на нивото на резервациите на средства што се прават на кредитните пласмани. Најголеми резервации за првите девет месеци годинава има „Комерцијална банка“ и тие изнесуваат 1,92 милијарди денари до крајот на септември годинава. Во значајна мерка ова високо ниво на средства за резервации е заради изложеноста на таа банка спрема комбинатот „ФЕНИ“ и доколку таа компанија продолжи да работи нормално тоа многу позитивно ќе влијае врз добивката на банката преку ослободувањето на резервираните средства. Втора на листата според резервирани средства е „Стопанска банка Скопје“ која има резервации од 566,5 милиони денари. И таа банка има кредитна изложеност спрема „ФЕНИ“, но во значајно помала мерка од „Комерцијална банка“. Трета на листата е „Охридска банка“ со 456 милиони денари, а најмали резервации за овој период има „НЛБ банка“ и тие изнесуваат 109 милиони денари. 

Втората значајна расходна ставка се загубите заради оштетување нефинансиски средства. Тие за првите девет месеци се најголеми кај „НЛБ Банка“ и изнесуваат 139 милиони денари. „Охридска банка“ нема загуби,  „Комерцијална банка“ има 18 милиони денари, а „Стопанска банка“ 27 милиони денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години