14 Декември, 2025
0.0774

„ЧЕСТИТО НОВИ МИЛИОНИ ЕВРА, КОЛЕГИ ПАТРИОТИ“: се огласи Апасиев - предлогот за намалување на патните трошоци не беше изгласан во Собранието

Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2025 12:14

Добивај вести на Viber

Предлог измените на Законот за пратеници поднесени од опозициската Левица, со кои требаше да се ограничат можностите на пратениците за наплата на трошоци за патување до Скопје за собраниски седници, не беше поддржан од останатите пратеници во Собранието. 

Првиот човек на Левица, професорот Димитар Апасиев, во свој стил се огласи на социјалните мрежи и им „честиташе на колегите“.

- ДПМНЕ не го изгласа предлог-законот на Левица за намалување на ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ на пратениците!

Честито нови милиони евра, колеги патриоти.

Со здравје да си ги трошите - напиша Апасиев на Фејсбук. 

Еве ја неговата објава:


Согласно предлог измените кои беа доставени во Собранието, пратениците од македонското Собрание наплаќаат значително повисоки суми за патни трошоци во споредба со пратениците во нашето соседство или пак со пратениците во Хрватска и Словенија.

- Потребата од ова законско решение е поради досегашните енормни суми на надоместоци кои им се исплатени на пратениците во Македонија. Па така, историско-компаративната анализа за просечните исплатени патни трошоци за пратеник направена за регионот на Југоисточна Европа и Западен Балкан (Македонија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Косово), во периодот 2010–2016, говори дека македонски пратеник просечно земал вкупна сума од 40.000 евра патни трошоци – сума која е за 4.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Словенија; 21.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Бугарија; 28.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на патеник во Хрватска и 34.000 евра повисока од сумата која му е исплатена на пратеник во Косово! – пишува во законското решение доставено во Собранието. 

Предложеното законско решение уредува наместо досега утврдените 20 проценти од продажната цена на еден литар гориво, пратениците да добиваат надоместок во износ не поголем од продажната цена на шест ипол литри гориво, просечно потребни за изминат пат од 100 километри.


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија