19 Април, 2024
0.1526

Челик Нимани: Со сериозна работа инвеститорите ќе го стават регионот на нивниот радар

Објавено во: Економија, Интервјуа 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Стартапите од Балканот може да го привлечат вниманието на големите инвеститори и со неколку успешни излезни приказни да создадат шампиони кои ќе бидат позитивен пример за сите претприемачи, особено за младите кои имаат одлични иновативни решенија. Фактор во ексклузивно интервју со Челик Нимани од Фрактон од Косово разговараше за регионалните перспективи за водење бизнис. Нимани работел на повеќе проекти за клиенти од Европа и САД со бизниси за е-трговоја. Неговата улога е развој на еко-системот организирајќи го првиот стартап настан во Косово пред 10 години. Сега сака да врати на самата заедница и да им помогне на повеќе нови компании и да ги поттикне претприемачите. Според него регионот не треба да биде само извор на евтина работна сила за сервисни услуги, туку да работи сериозно на иновациите кои може да успеат на глобалниот пазар.

Фактор: Колку е важно прво да се изгради еко систем кој ќе им даде поддршка на претприемачите или потребен е друг пристап прво да постојат успешни компании

Нимани: Потребни ни се двете или т.н. компании шампиони кои ќе бидат пример за останатите, особено за младите претприемачи кои ќе треба да ги следат нивните стапки. Сепак потребен ни е и еко-систем бидејќи без него ова не е возможно. Еко-системот ги привлекува инвеститорите, тој треба да се појави на радарот на бизнисмени од развиените западни земји. Тие гледаат во регионот дали постои активен стартап еко-систем кој не е поддржан и воден само од донации и донатори туку постојано е поттурнат и развиен од самите локални претприемачи. Овие две нешта се поврзани една со друга и во одреден момент еко-системот ќе се потпира само на локалните капацитети како што е во развиените земји. Како што вели Бред Фиелдс "Лидерите треба да го водат еко системот, а не да се хранат од него".


Фактор: Косово како и сите земји од регионот особено од Западен Балкан сака да постигне успех, да создаде уникатни услови за стартапите, особено со одредени политики кои се преземаат кои потоа може да имаат влијание и во регионот.  Постои ли конкуренција и пречки, или пак можност за развој и соработка?

Нимани: До сега немавме стартап компетитивност помеѓу балканските земји. Секоја земја од регионот има своја индивидуална визија и посебно сме се претставувале на големи настани. Исто така и во делот на политики секоја држава има свој сет на политики и мерки но, реално состојбата во регионот е многу слична, бидејќи конкретни законски решенија за стартапите се уште се развиваат. Имаме многу проблеми со недостиг од фондови за ризичен капитал, што е директно поврзано со развојот на нови стартапи. Возот оди премногу бавно и не со брзина која ја сакаме во приватниот сектор. Да се навратам на вашето прашање, конкуренцијата е добра и корисна, ве тера да се движите брзо, ако не преземете нешто веднаш, ако не го пуштите производот секогаш може да дојде некој на пример од Македонија и да ви го освои пазарот. Веќе имаме таков пример со iVote стартапите од Македонија кој влезе во Косово за водење на системите за избори и за преглед на гласовите и успешно ги продава своите производи низ регионот и пошироко. Вакви решенија развиваа и косовски фирми, но iVote ги престигна и изгради одличен производ. Ова е дефинитивно добра работа и штом конкуренцијата ќе настапи ќе ги натера стартапите да размислуваат за глобалниот пазар и постојано да внесуваат иновации.

Фактор: Колку е важно да се создаде уникатна приказна за самата стартап заедница за една земја како на пример стартап сцената во Израел и нивната "хупса" со менталитетот да не прифаќаат не за одговор и иновативноста на Силиконската долина со пристапот на градење стартапи од "гаража". Која е нашата перспектива, што може да понудиме ние како земји поединечно, но и како препознатливост на самиот регион?

Нимани: Работам во регионот веќе 10 години и тоа што досега го имам видено постојано како препознатливост на целиот Балкан е дека доаѓаме од екс социјалистички земји каде учевме многу математика што е добра работа, бидејќи тоа помага во логичкото размислување што пак придонесува во развој на добри производи. Иако немаме многу претприемачи, таквиот сет на вештини делува во создавање на нови продукти. Не би рекол дека регионот е или треба да биде препознаен само како место со евтина работна сила каде ќе се најмува само кадар за сервисни услуги. Се прави баланс меѓу нудење на услуги за да се заработат пари, но и истовремено да се развијат сопствени решенија. На пример не може да се тркаме со Индија со цена на трудот поради нивната огромна популација, но мораме да бидеме побрзи со иновативните производи и решенија. Кога во регионот ќе има големи инвестиции со преземање на изградени компании тоа ќе влијае позитивно во сите земји да се обидат да го привлечат вниманието на инвеститорите.

Ние го имаме ФИТР кој има програми за финансирање на стартапите. Што мислите за државните субвенции А поддршка на развојот на стартапите особено во почетната фаза?

Нимани: Сум бил дел од активности на стартапи за добивање грантови од донатори и мислам дека е добра шанса за тие кои имаат одлични идеи, но немаат финансии. Секогаш треба да се биде внимателен за да не се биде премногу зависен од грантови бидејќи штом ќе се потрошат парите вие само ќе го затворите бизнисот и тука нема одржливост, што е проблемот за целиот Балкан со "бесплатните" пари. Ние во Косово исто така преку Министерството за иновации имаме програми за грантови од неколку милиони евра. Тие средства мора да се искористат за развој на производот но, треба да се внимава бидејќи не секогаш парите се трошат правилно. Улогата на Владата треба да биде комплементарна на стартап еко-системот и да обезбеди соодветна поддршка, но да се внимава како се трошат парите во иновациски фондови бидејќи тие се пари на граѓаните.


Фактор: Постои ли опасност од стартап меур, колку ваквиот начин на водење бизнис е одржлив на долг рок. Од една страна имаме апсорпција на кадар и многу млади луѓе остануваат тука наместо да се иселат, но дали имаме доволно успешни приказни кои ќе обезбедат вистински економски раст?

Нимани: На долг рок дефинитивно е голема можност. Засега има дисбаланс помеѓу луѓето кои сакаат да направат нешто вистински не, оглед дали им е како целосно посветен или спореден проект и тие кои се вклучени затоа што сметаат дека да си дел од стартап сега е кул. Некои се вклучуваат во стартапи само да добијат пристап до фондовите кои имаат средства. Тоа и не е лоша работа бидејќи парите секако ќе ги потрошат на активности за стартапите. Можеби засега еден од десет претприемачи во стартап системот е сериозен што е доволно за регион како нашиот, но по неколку години десет од десет луѓе ќе бидат сериозно посветени на стартапите и промените ќе бидат видливи. Ако имаме успешни приказни и тие делуваат како лидери ќе има и нови претприемачи кои ќе бидат мотивирани и ќе ги следат.


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“