„ЧЕКАЈТЕ СЕГА, СО КОГО СМЕ?“ Жерновски прашува „што стана со новото нормално на Мицкоски“
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2025 07:10
„Циркузантска дипломатија
Имено, при крајот на февруари, Мицкоски и Муцински одлучија Македонија да биде коспонзор на американската резолуција во ОН за Украина. Таквиот крајно контраверзен став предизвика низа на реакции во домашната и меѓународната јавност, бидејќи во текстот никаде не се споменуваше дека Русија ја окупира Украина пред три години, односно дека со тоа е нападнат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, кои прашања играа централна улога во претходните резолуции на ОН. Од друга стана, иако сме земја кандидат за членство во унијата, владиниот двоец одлучи да не ја подржи резолуцијата на ЕУ, каде многу јасно беше наведена целосната инвазија на Украина од стана на Руската Федерација. Се разбира, Брисел уште долго ќе не’ потсетува за тој потег.
Се сеќавате, тогаш ја добивме онаа феноменална премиерска изјава: ПА, ТАКА ОДЛУЧИВМЕ!
Со еден збор, Македонија преку ноќ го смени ставот и повеќе Москва не беше извор на конфликтот.
Кога, гледај чудо !!! Истиот Тимчо “нашата земја” Муцунски сега гордо изјавува дека, цитирам, ние веќе подолг период сме дел од иницијативата за формирање суд за воени злосторства за Украина и дека се залага за почитување на меѓународното јавно и хуманитарно право.
Чекајте сега, со кого сме?!?
Со Брисел или со Вашингтон? Што стана со НОВОТО НОРМАЛНО на Мицкоски? Нели го окупиравме Вашингтон и го зафативме периметарот околу Трамп.
Можеби веќе не треба да им се лутиме за туристичките екскурзии. Подобро да се сликаат селфи по разните европски и светски дестинации, отколку да се “сликаме” сите на крајот,напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
СПАСОВСКИ: Македонија не смее да стане земја што ќе спроведува азилски постапки за други држави, а притоа да ѝ остануваат мигранти што нема каде да ги врати
„ДЕЛОВНА ТАЈНА Е ДЕКА НЕ' ТРУЈАТ“: Арсовска тврди дека загадувачите добиле право да ги кријат доказите под мотото „деловна тајна“
УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Најголемиот шлепер во Македонија го вози жена и тоа токму оваа: „Најтешко е да си далеку од дома и од блиските“ - Цеце Мирчевска за „Женски магазин“
НЕ Е ЛЕСНО ДА СЕ РАБОТИ ДАЛЕКУ ОД ДОМА: Познатиот готвач Настески со потресно сведоштво „Поголема болка од ова нема!“
„ОВК НЕ БЕШЕ КРИМИНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА, СЕ БОРЕШЕ ЗА ЕДНАКВОСТ НА АЛБАНЦИТЕ“: Протест за поддршка на осудените водачи на УЧК
ДЕТАЛИ ЗА ПАДНАТИОТ АВИОН ВО МАВРОВСКО ЕЗЕРО: Техничките податоци откриваат дека станува збор за вистински авијациски „олдтајмер“




