Чавков повторно ја нуди гаранцијата од 600.000 евра
Објавено во: Македонија 22 Април, 2019
Митко Чавков, екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, повторно нуди гаранција од 600.000 евра пред Апелациониот суд за да му биде прифатено барањето да се брани од слобода.
Во моментов осуденикот на 18 години затвор за настаните во Собранието на 27 април е во истражниот затвор Шутка и од таму ја чека правосилната пресуда.
Останатите осуденици кои исто така поднеле барање се Душко Лазаров, Горан Ѓошевски , Никола Митревски-Кољо и Абдулфета Алими.
На Ѓошевски понудената гаранција му изнесува 434 илјади евра додека на Лазарове највисока и е проценета на 770 илјади евра во недвижен имот, објави СДК.
Се претпоставува дека сите тие имаат и поднесено барање за амнестија до кабинатот на Ѓорѓе Иванов.