18 Декември, 2025
0.0772

Чадиковски го депонираше отказот: Жан Митрев останува без единствениот кардиохируг со лиценца

Објавено во: Македонија 06 Август, 2019 16:31

Добивај вести на Viber

Доктор Владимир Чадиковски и дефинитивно си заминува од Клиничката болница Жан Митрев, дознава Фактор. Детскиот кардиохирург кој од годинава се префрли во оваа приватна болница за да прави операции на деца кои ги покриваше Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) денеска го доставил отказот во „Жан Митрев“. Причина според нашите информации се подолготрајните несогласувања со менаџментот на болницата и непрофесионализмот при извршување на обврските.

Чадиковски не се впушта во коментари за тоа зошто си оди од Клиничката болница Жан Митрев, но за Фактор ја потврди информацијата дека си заминува од таму и дека денеска и на писмено го доставил својот отказ.

Отказот е во ист ден кога доктор Жан Митрев објави информација дека за првпат во Македонија успешно се извела една од најтешките и кајкомплексните операции на срце кај деца. Имено на новородено дете од 2,9 килограми му била извршена таканаречена тотална транспозиција на главни крвни садови што е една од најкомплексните аномалии на срцето. Операцијата ја извршил Митрев кој според нашите  извори нема лиценца од Лекарската комора да врши вакви операции. Интервенцијата била направена без ниту еден странец или советник на ниедна позиција.

На неа не присуствувал ниту Чадиковски, кој пак е единствен детски кардиохирург кој има лиценца за оперирање. 

Што се случува во оваа Клиничка болница и има ли непрофесионализам ќе треба да утврди Министерството за здравство и ФЗОМ кои всушност склучија договор со Жан Митрев со кој од февруари годинава и детските кардиохируршки интервенции се вршат таму, а се покриваат на државна сметка.

Медиумите деновиве објавија дека се можни оставки, но на тоа министерот за здравство Венко Филипче рече дека не е загрижен.

„Детската кардиохирургија останува во приватната болница, кој не е задоволен може да си оди, ќе дојдат други луѓе. Луѓето таму преминаа по сопствена волја, рече Филипче.

Тој вели дека и да има оставки тоа нема да ги загрози пациентите. Болницата склучи едногодишен договор за операции на деца.

Инаку Жан Митрев беше избрана како подобна таму да се пресели Детската кардиохуирургија која до лани функционираше на Детската клиника затоа што се сметаше дека ги има најдобрите услови. Заедно со Чадиковски заминаа и други четворица доктори, двајца анестезиолози и три сестри. Нема најава дали ќе си одат и тие.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија