ЦЕНТРАЛНА ИТАЛИЈА НА НОЗЕ: Ги погодија 25 земјотреси од кои два посилни
Објавено во: Свет 03 Февруари, 2017
Во Централна Италија утрово имаше 25 земјотреси.
Две од овие 25 потреси беа јаки и предизвикаа паника кај населението.
Првиот земјотрес бил во 4.47 часот со јачина од 4 степени, а посилен земјотрес се случил во 5.10 со јачина од 4,4 степени според Рихтер.Земјотресот имал епицентар близу Монте Кавало, во регионот Мацерата, на 12 километри од Пречи, Перуџа. Епицентарот бил на само 6 километри длабочина, но засега нема информации за повредени или штети.
Тој бил последен во серијата земјотреси и бил со епицентар северно од Аматриче и Норчија, двата града кои беа најтешко оштетени од земјотреси што се случија во август и во октомври лани.
Земјотресите во 2016 година, оставија илјадници луѓе без дом. Речиси 40.000 луѓе беа принудени да престојуваат во засолништа.
Неодамна граѓани од погодените места протестираа во Рим. Тие обвинуваат дека надлежните прават многу малку да им овозможат враќање во своите домови.
Утрово земјотреси имаше и во Бугарија, Турција, Франција, Грција и други земји.