14 Декември, 2025
0.1757

ЦЕНИТЕ НА МЛЕКОТО ГИ „ПОБУДАЛЕА“ ГРАЃАНИТЕ, АМА ИНСПЕКТОРИТЕ НЕ НАШЛЕ НЕОПРАВДАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ - директорката на Пазарна инспекција за Фактор

Објавено во: Економија 23 Септември, 2022 07:50

Добивај вести на Viber

Цените во маркетите дивеат, а на граѓаните веќе им е страв дури и да отидат во продавница, бидејќи не знаат со какви драматични цени на производите ќе се соочат.

Многу од граѓаните веќе си го поставуваат прашањето дали овие нови секојдневни ценовни шокови се оправдани, односно дали се темелат на реалните набавни и производни цени, или, пак, веќе станува збор за трговско самоволие, односно еден вид на „воено профитерство“, што би значело дека војната во Украина и високиот раст на цените на енергенсите неоправдано се користи како алиби за ненормално зголемување на цените, кое нема врска со реалноста.

Како што е познато, Владата на својата завчерашна седница одлучи да ја продолжи важноста на замрзнати цени на одредена група на производи до крајот на годинава, но не ја прошири листата на производите, со образложение дека пазарот сеуште се анализира.

Фактор ја праша директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска-Димоска дали пазарните инспектори имаат ингеренции да ги контролираат овие евентуални трговски самоволија и злоупотреби со драстичните зголемувања на цените.

Таа во изјава за Фактор вели дека Пазарниот инспекторат може само да контролира дали трговците ги почитуваат владините одлуки, односно дали се дрзнуваат да ги зголемуваат маржите кај оние производи за кои Владата донесе одлука да бидат замрзнати, но пазарните инспектори не можат да „се мешаат“ за другите производи, бидејќи, како што вели, станува збор за слободен пазар, каде што не смее да има ограничувања.

„Нашите инспектори работат во делот на ограничените маржи, и се испитува дали трговците ги почитуваат тие владини одлуки. Но, другите цени се на слободен пазар, што значи дека пазарот, односно понудата и побарувачката одредуваат колку ќе бидат високи цените. Практично, се додека има купувачи, додека има граѓани кои купуваат и по тие цени, трговците ќе ги зголемуваат цените, но мислам дека пазарот на крајот сето тоа ќе го избалансира. Што значи, ние можеме само да провериме дали цената е согласно онаа од добавувачите“, објаснува Симеска-Димоска.

Во моментов, според директорката на Државниот пазарен инспекторат, пазарни инспектори контролираат дали е оправдан растот на цените на млекото, односно дали сегашните енормни цени на млекото кои достигнуваат дури и до 80 денари, е врз основа на реалните трошоици за производство. Практично, биле контролирани сите досегашни зголемувања на цените на млекото.

Она што Пазарниот инспекторат го има како информација, е дека нема неоправдано зголемување на цените на овој производ.

„Ние ги побаравме пресметките на сите трошоци кои ги имале трговците при набавката, но и трошоците што ги имале производителите, и се покажа дека тие трошоци се реални, значи се признаени и не отстапуваат. Факт е дека енергенсите кои се драстично покачени влегуваат во вкупниот трошок и го зголемуваат, односно ја оптоваруваат цената“, објаснува Симеска Димоска за Фактор.

Директорката вели дека во овој период пазарните испектори го контролираат и зголемувањето на цените на лебот, но и за тоа дали се намалува грамажата.

На нашето прашање дали треба другите цени чии маржи не се ограничени да продолжат да дивеат и да се остават нив да ги регулира пазарот, со оглед што станува збор за нефлексибилни производи, односно за такви кои што им се неопходни на граѓаните, директорката на Пазарниот инспекторат вели дека на пазарните инспектори им „се врзани рацете“, односно тие имаат ограничени ингеренции.

„Ние не сме тие што можеме да го ограничиме растот на цените. Ние можеме само да контролираме дали набавните и продажните цени се евидентирани во евиденцијата во трговијата и дали тоа е направено согласно со Правилникот. Право да ги ограничува цените или маржите има само Владата, а ние како Пазарен имнспекторат можеме само да контролираме дали трговците се придржуваат и ги почитуваат тие одлуки“, вели Димоска.  

Инаку, на последната седница Владата не ја прошири листата на производи со замрзнати цени. Портпаролот на Владата Муамет Хоџа објасни дека на проширување на листата се уште се работи.

„Владата не донесе одлука со која се проширува листата на производи на кои им е определена маржата. Економскиот тим е во постојан контакт со сите засегнати страни и во тој контекст како и претходно што најавија ќе има проширена листа на производи по завршување на потребните анализи на пазарот“, рече Хоџа.

На вчерашната седница Владата одлучи да продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата за основните прехранбени производи во трговијата и во следните три месеци, односно до 31 декември оваа година.

Како што е познато, Владата во јуни годинава ги ограничи маржите на лебот, шеќерот и сончогледовото масло на 5 отсто, како и на пченицата, макароните, шпагетите, оризот и кравјото млеко на 10 отсто. Поради значителниот скок на цените на сите останати продукти по замрзнување на маржите на основните продукти, министерот Бектеши најави проширување на листатата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји