ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР ПАЃААТ ШЕСТИ МЕСЕЦ ПО РЕД, растителното масло поевтини за 6,6 отсто

Објавено во: Економија, Агробизнис 07 Октомври, 2022
Цените на храната паднаа во септември шести месец по ред, како одраз на пониските цени на растителното масло што го засени растот на цените на житариците, објави агенцијата за земјоделство на Обединетите нации - ФАО.
Кошничкиот индекс на цените на основните прехранбени производи на ФАО падна во септември за 1,1 отсто во однос на ревидираната вредност во август, на 136,3 поени.
Неговата вредност паѓа од март, кога достигна рекордно високо ниво од 159,7 поени, но сепак е за 5,5 отсто повисока од истиот месец лани.
Цените на растителното масло паднаа најмногу во септември, за 6,6 отсто во однос на август, што се лизна на најниското ниво од февруари минатата година благодарение на зголемената понуда и пониските цени на суровата нафта.
Шеќерот, млекото и млечните производи и месото беа нешто помалку од еден процент поевтини отколку во август, откри ФАО.
Слабеењето на еврото во однос на доларот и мрачната економска перспектива влијаеше врз цените на млекото и млечните производи, додека месото и шеќерот паднаа благодарение на зголемените залихи на говедско месо од Бразил и добрите изгледи за родот на шеќерна трска во оваа јужноамериканска земја.
Септември донесе повисоки цени само на житариците, за 1,5 отсто во однос на август. Цените на пченицата се зголемија за 2,2 отсто поради сушата во Аргентина и САД, силниот извоз од ЕУ и зголемената неизвесност околу пристапот на Украина до пристаништата на Црното Море од декември.
Поскапе и оризот, за 2,2 отсто, делумно поради загриженоста предизвикана од големите поплави во Пакистан.
Во одделни проценки за понудата и побарувачката на житни култури, ФАО малку ја намали својата прогноза за глобалното производство на житни култури оваа година на 2,768 милијарди тони, што би претставувало пад од 1,7 отсто во споредба со минатата година.
Производството треба да биде помало оваа година пред се поради послабите перспективи за житарици кои се користат во исхраната на луѓето и животните, како што е пченката, бидејќи неповолните временски услови би можеле да му наштетат на приносот во големиот производител на САД, објаснуваат од ФАО.
Прогнозата за производство на пченица беше зголемена на рекордни 787,2 милиони тони, што би претставувало зголемување од еден процент во споредба со минатата година, благодарение на подобрата жетва од очекуваната во ЕУ и Русија.
Светската потрошувачка на жито треба во сезоната 2022/2023 да го надмине производството и да достигне 2,784 милијарди тони, што би значело дека глобалните залихи до крајот на сезоната треба да паднат за 1,6 отсто во однос на нејзиниот почеток, на 848 милиони тони.
Трговијата со жита се очекува да има намалување за 2,4 отсто поради последиците од војната во Украина и силниот долар, прогнозира агенцијата на ОН.
Можеби ќе ве интересира
КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања
ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК ГИ НАЛУТИ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ: Биле вчудоневидени, ќе го оспорат законот пред Уставен

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ - Еве колку пари ќе се одвојат од државната каса за нивните хонорари

Трајковски за цените: Сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават на 02 191
