19 Мај, 2024
0.0285

ЦЕНИТЕ И ПОНАТАМУ ЌЕ РАСТАТ – Експертите предупредуваат оти мерките за сузбивање инфлација имаат слаб ефект во сегашната криза

Објавено во: Економија 10 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Маслата поскапеле за дури дваесет проценти во еден месец, покажаа последните податоци на заводот за статистика. Но, не се само зејтините поскапени, напротив ДЗС утврди дека растат цените на голем дел од производите во малопродажба.

Поскапување на месечно ниво, покрај зејтините, има и кај зеленчуците, овошјето, сирењето, пијалоците, чоколадите, шеќерот, но пораснале и цените на воздухопловниот патнички транспорт и тоа од високи 46,6 проценти, а поскапени се и туристичките аранжмани со 8,9 отсто.

ДЗС објави дека на годишно ниво во април трошоците на живот се зголемиле за 10, 5 отсто, а експертите велат дека поскапувањето најверојатно ќе продолжи, особено поради тоа што истата е увозна, а додаваат дека истата се зголемува и поради конфликотот во Украина.

-  Решението за инфлацијата зависи од тоа што ја предизвикува. Во овој случај имаме општ пораст на цените на производите во малопродажба, кој не е резултат на голема побарувачка, иако имаме и зголемена потрошувачка на одредени производи поради паника кај народот, сепак, во овој случај поскапувањето е увозно и не може да се делува директно со мерките. Овој проблем е присутен насекаде, во цела Европа и пошироко, не е само во Македонија. Една од мерките за сузбивање на инфлацијата е затегнување на монетарната политика, мерка која неодамна ја презема Народна Банка. Сепак, резултатите од мерките допрва се очекуваат, но ќе посочам дека во случај кога цените растат насекаде во светот и не зависат само од нас, не може да се очекува стопирање на процесот со класичните мерки познати во економијата – објаснува универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

Узунов за „Фактор“ дополнува дека инфлацијата најверојатно ќе продолжи и понатаму, потенцирајќи дека се додека не заврши војната во Украина, не може да се очекува стабилизирање на состојбите. Според него, иако војната не е единствената причина за раст на цените, бидејќи поскапувањето на струјата и другите енергенси започнаа уште во текот на есенските месеци, сепак таа придонела за драстичното поскапување поради неизвесноста која ја донесе.

-  Цените на електричната енергија пораснаа уште пред војната, но со избувнувањето на конфликтот, притисокот врз цените значително се зголеми. Во овие ситуации мора да се најдат мерки за подршка на ранливите категории, но и да се бараат нови извори на енергија за домашниот пазар, кои за жал не можат да се најдат преку ноќ. Мора да сме свесни дека се додека не се прекине војната во Украина, ќе продолжи поксапувањето и рушењето на стандардот на граѓаните. Веќе сите го чуствуваме овој раст, го гледаме во секојдневно пазарење, па ќе биде неопходно да преземеме сами чекори за намалување на трошоците – предупредува Узунов.

Дека инфлацијата ќе има нагорна линија, потврди и гувернерката на Народна Банка, Анита Ангелвоска-Бежоска која кажа оти македонската економија нема да биде заобиколена и секако ќе ги почувствува последиците од руско-укрианската криза

-  Очекуваме забавување на економскиот раст, како и забрзување на инфлациајта – посочи гувернерката. 

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија