27 Април, 2024
0.0270

ЦЕНИ НА МАЛО: Што поевтини, а што е поскапо?

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Индексот на трошоците на животот во декември 2016  година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.0.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, во однос на 2015 година, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало  бележат намалување од 0.2%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2016 година беше различно по одделни групи на потрошувачка.

Намалување на индексите е забележано во групите: храна и безалкохолни пијалаци и здравје за 0.4%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2% и мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0.1%.

Пораст на индексот е забележан во групите: рекреација и култура за 1.2%, транспорт за 0.5%, облека и обувки  и останати стоки и услуги за 0.2% и ресторани и хотели за 0.1%.

На ниво од претходната година се групите: домување, вода, електрика, гас и други горива, комуникации и образование.

Движењето на индексот на цените на мало во 2016 година, исто така, беше различно по одделни групи на  производи.

Намалување на индексите е забележано во групите: земјоделски производи за 0.8%, услуги за 0.3% и пијалаци за 0.2%.

Пораст на индекситe е забележан во групата индустриско-непрехранбени производи за 0.3%. групата индустриски прехранбени производи е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, вo споредба со декември 2015 година, забележа намалување од 0.2%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 0.1%.

Индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, во однос на претходниот месец, забележа  намалување од 0.1%.

Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2016 година, во споредба со претходниот  месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 5.9%, рибата и морските плодови и млекото за 0.8%, другите прехранбени производи за 0.7%, алкохолните пијалаци за 0.6%, зеленчукот за 0.5%, оризот за 0.4% и безалкохолните пијалаци за 0.2%.

Исто така, во декември 2016 година, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 6.5%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.4%, услугите за 
рекреација и спорт за 0.3% и лековите за 0.2%.

Пораст на индексите на трошоците на животот во декември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај другите пекарски производи за 1.2% и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските 
производи за 0.6%.

Исто така, во декември 2016 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај туристичките пакет-аранжмани за 4.8%, информатичката опрема за 2.7%, течните горива за домаќинствата за 2.5%, течните  горива и мазива за 1.4%, гасот за домаќинствата за 0.9%, електричните апарати - мали за домаќинствата за 0.4%, облеката, услугите и предметите за лична хигиена за 0.3%.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност