Цената на нафтата во светот паѓа, дали ќе се намалат цените на горивата утре во Македонија?
Објавено во: Економија 14 Април, 2019
Регулаторната комисија за енергетика утре треба да ги соопшти новите цени на бензините во земјава.
Пред две недели цените на горивата во Северна Македонија се зголемија.
Малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 2,5 денари и изнесува 68,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапе за три денари и чини 70,5 денари за литар.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемија за половина денар и изнесуваат 61, односно 49,5 денари за литар.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за 0,677 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и изнесува 33,375 денари.
Како причина за зголемувањето на
малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,53 отсто
повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14
дена и за 0,03 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Дополнителни информации за тоа зошто паѓа цената на нафтата во светот прочитате тука: ШТО ЈА ТУРНА НАДОЛУ: Цената на нафтата паѓа