ЦЕЛА БУГАРИЈА НА НОЗЕ: Фрчат дојави за бомби од сите страни,на само пет дена пред избори
Објавено во: Балкан 29 Март, 2023 06:59
Десетици училишта и бизнис универзитет во Софија беа затворени вчера поради закани за бомби, само пет дена пред одржувањето на парламентарните избори во земјата. Обвинителите во бугарската метропола соопштија дека започнале истрага за „криминални дела против републиката“.
Во полициската истрага не се пронајдени експлозивни направи во училиштата кои од понеделникот добиваат закани по електронска пошта или телефонски.
Вршителот на должноста министер за внатрешни работи Иван Демерџиев рече дека властите дејствуваат врз основа на претпоставката дека заканите се дел од „хибридни напади“ кои некако би можеле да се поврзат со Русија.
Побараа помош од САД и ЕУ
Бугарија се обрати до истражните органи во Европа и САД за помош во следењето на е-поштата, рече Демерџиев. Многу избирачки места на изборите во недела ќе бидат лоцирани во училиштата низ државата.
Демерџијев рече дека изборите ќе бидат прекинати само во случај на реална закана. Тој нагласи дека досега од добиените информации не произлезе реална закана.
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




