18 Декември, 2025
0.0442

Инспектори упаднаа во фабрики за неисплатен К-15

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2019 15:17

Добивај вести на Viber

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги „чешла“ фирмите кои не исплатиле К-15 на работниците. 

Ги повика работниците да пријават доколку не добиле К-15. 

„Ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 и сите други нерегуларности да ги пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд - 15 131. 
Од почетокот на годината Инспекторатот прави засилени контроли во правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли, кадешто се забележани голем дел претставки изминатите години“, напиша Царовска на Фејсбук.

Владата вчера на седница донесе одлука со која ќе се провери како течела исплатата на К-15. 

Над 100-тина работници пријавиле неисплатен К-15 за годината 2018-та во Инспекторатот за труд, објави Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата.

„Добивме информација дека регресот за годишен одмор К-15 од некои компании не е исплатен. Државниот инспекторат за труд добил преку 100 жалби за неисплата на К-15. Тој е задолжен да информира во однос како се спроведува исплатата за регрес на годишен одмор, и дали и какви мерки се превземени за компаниите кои не ја испочитувале оваа обврска“, изјави Бошњаковски.

Проверка на неисплатата на регресот ќе трае и во текот на февруари.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје