28 Април, 2024
0.0325

Царинската управа потпиша договор за донација со програмата за контрола на извозот и граничната безбедност при Амбасадата на САД

Објавено во: Мои пари 29 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Денес во просториите на Царинската управа, директорот на Царинската управа г-динот Ѓоко Танасоски одржа работна средба со г-дин Џорџ Р. Кларк, Регионален Советник за Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS). 

На работната средба се разгледа досегашната соработка помеѓу Амбасадата на САД и Царинската управа во рамките на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) воспоставена од 2004 година, при што се потпиша и грант - договор за доделување на опрема на Царинската управа во вредност од 55,874.67 американски долари.

Опремата која е наменета за спречување на незаконско тргување со стоки, се состои од 2 видео инспекциски системи за вршење на контрола, 4 комплети на опрема за мерење на густина, 5 комплети на основна опрема за вршење на инспекција и 5 пејџери за детектирање на радијација.

Оваа опрема,  што царинските службеници ќе ја користат во нивната секојдневна работа, ќе придонесе за поефикасна и поефективна борба против прекуграничниот криминал и за постигнување на подобри резултати во откривањето и спречувањето на недозволената трговија и заштита на границите.

На работната средба се констатираше и потребата од продлабочување на соработката во наредниот период, со цел за подобрување на оперативните капацитети на Царинската управа и постигнување на поефикасни резултати, во насока на заштита на границите и општеството во целина, како и олеснување на меѓународната трговија.

Во изминативе десетина години преку Програмата EXBS се реализирани бројни обуки и повеќе донации на опрема од страна на Aмбасадата на САД, која на  Царинската управа ѝ има обезбедено оперативна опрема во вредност од приближно 3 милиони долари, која се користи во секојдневното работење на царинските службеници, како  поддршка на севкупното царинско работење и исполнувањето на обврските и заложбите на Царинската управа

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг