БУРНА РЕАКЦИЈА ОД ССК ЗА „СОЛИДАРНИОТ“ ДАНОК - чесните плаќачи ќе платат двојно, се стимулираат неплаќачите
Објавено во: Економија 19 Септември, 2023 15:29
Сојузот на стопански комори деднеска излезе со бурна реакција за тукушто изгласануиот данок на солидарност.
„Погубен и деструктивен за бизнисот и за стопанството во целата држава е Законот за данок за екстра оданочување, популистички наречен данок на солидарност. Покрај што во самото создавање на законот воопшто не беа земени предвид забелешките на тие што треба да го плаќаат, вака како што е донесен ќе направи непоправлива штета за компаниите. Законот пред сѐ се коси со начелата на бизнисот, со правата на инвеститорите и со исплатата на дивиденда. Трошоците за Данокот на „солидарност“ излегуваат надвор од деловните годишни планови, по затворање на фискалната година, распределбата на дивиденда, отсуствуваат од годишните инвестициски и развојни стратегии. Оној што малку се разбира во деловно и финансиско работење, знае колку погрешни се овие мерки и колку погубни резултати ќе има врз бизнисот“, пишуваат во своето соопштение до медиумите од Сојузот на стопански комори.
Велат дека не постои пример во светот каде се носи закон за ретроактивен период, закон кој условува, кој демотивира и дестимулира.
„Ваков закон се носи за најголемите плаќачи на данок и тие што ја полнат државната каса. Со носењето на овој закон владата испраќа порака дека плаќачите на данок треба двојно да плаќаат и се за сметка на неплаќачите на данок, кои сега се посебно стимулирани.
Концептот на данокот ги демотивира субјектите за нови инвестиции, затоа што повисок данок ќе платат субјектите кои реинвестираа од добивките во претходните три години, што претставува лоша порака за идните инвеститори.
На ваков начин, со дополнително „казнување“ на оние што ја крепат државната економија и што го развиваат БДП на државата, македонската економија нема иднина“, наведуваат во својата реакција од ова бизнис асоцијација.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




