14 Декември, 2025
0.0678

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2025 14:38

Добивај вести на Viber

Со проектот #BULLILOVEstories, Volkswagen Комерцијални возила уште од 2022 година го слави духот на Bulli низ целиот свет. Оваа серија не е само патување, туку и сведоштво за тоа како Bulli е многу повеќе од автомобил – тоа е икона, животен стил и член на семејството.

Во 2025 година, приказните #BULLILOVEstories пристигнаа и во Македонија.

Посетите на обожавателите на Bulli низ Европа се предводени од Кристијан Шлутер, портпарол на Volkswagen Комерцијални возила за камперски возила и олдтајмери и голем љубител на кампување. Тој патува со својот целосно електричен ID. Buzz, без никаква посебна подготовка, докажувајќи дека електричниот Bulli е подготвен за секојдневни авантури.

Во потрагата по најинтересните и најемоционалните приказни за Bulli, до својата посета во Македонија, Шлутер има поминато повеќе од 115.000 километри низ 38 земји, а нашата земја е неговата 39-та дестинација. На пат кон дома, ќе посети уште една, 40-та земја. За време на патувањето, има поминато повеќе од 175 ноќи во ID. Buzz, кој е опремен со фрижидер, кујна во задниот дел и конструкција за кревет.

Кристијан Шлутер споделува само позитивни искуства од неговото речиси 4-годишно патување со целосно електричниот ID. Buzz. Во ниту една земја немал проблем да најде локации за полнење благодарение на развиените апликации и никогаш не останал со празна батерија.

Во 2025 година, патувањето низ Европа и Балканот со електрично возило е значително поедноставено во споредба со 2022 година. Повеќе не треба да постои ограничувањето ниту дилемата "потребни ми се 3 дена за да поминам 2000 километри со електрично возило", бидејќи инфраструктурата во сите земји постојано се развива. Брзите полначи овозможуваат пократко време на полнење, правејќи го електричното патување попрактично од кога било досега.

Приказните што ги споделува се премногу богати и возбудливи за да се сведат на неколку страници, но секоја од нив придонесува кон ширењето на проектот #BULLILOVEstories, откривајќи како изгледа да се поминат илјадници километри со електрично возило низ Европа. Кристијан Шлутер и Volkswagen Комерцијални возила размислуваат за проширување на проектот #BULLILOVEstories, со фокус на искуствата – како е да се поминат илјадници километри со електрично возило.

Со овој проект, Volkswagen Комерцијални возила поставува нови стандарди за мобилност, комбинирајќи ја електричната иднина со култното наследство на Bulli. Резултатот е вистинска инспирација за глобалната Bulli заедница.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија