БУКВАЛНО „ПЛАЧАТ“ ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ: На Германија и се заканува колапс, им недостигаат повеќе од 300.000 работници од странство
Објавено во: Економија 27 Ноември, 2024 07:00
Анализата на независната фондација Бертелсман предупредува дека најголемата европска економија, Германија, ќе мора да се потпре на илјадници дополнителни работници од странство за да го одржи економскиот раст.
Германскиот пазар на труд ќе биде силно зависен од имигрантите во наредните години, покажува извештајот на фондацијата. Според студијата, работната сила во Германија би можела да се намали за 10 отсто до 2040 година без „значителна“ имиграција. Анализата покажува дека околу 288.000 меѓународни работници се потребни годишно за одржување на работната сила во Германија. Без дополнителни работници од странство, бројот на вработени би паднал од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милиони.
Сузан Шулц, експерт за миграција од фондацијата Бертелсман, посочува дека „пензионирањето на бејби бумовите“ е главниот фактор што придонесува за намалување на работната сила. Иако приоритет е да се развие домашната работна сила, таа смета дека „до 2040 година нема да биде доволно да се задоволат идните потреби на пазарот на трудот“.
Вториот модел е нешто пооптимистички, но сепак предвидува дека до 2040 година ќе бидат потребни дури 368.000 странски работници годишно.
Во 2023 година, Германија ги реформираше своите закони за имиграција за да го олесни ангажирањето на квалификувани странски работници. Се воведе „сина карта“ за експертите и се намали бирократијата околу признавањето на странските дипломи. Сепак, Шулц вели дека се уште има пречки кои треба да се отстранат за да се привлечат работници.
Фондацијата нагласува и дека работниците од странство нема да дојдат „без култура на добредојде во локалните заедници и бизниси“.
Германската влада презеде дополнителни чекори за справување со недостигот на работна сила, вклучувајќи го и договорот со Кенија во септември со кој се покануваат кениските работници да се преселат во Германија. Секретарот за внатрешни работи Ненси Фесер рече:
„Сакаме да привлечеме квалификувани работници, кои итно ни се потребни во многу сектори од нашата економија.
Најранливите области
Недостигот на работна сила ќе ја погоди најнаселената покраина Северна Рајна-Вестфалија, како и јужните региони како Баварија. Поголемите градови со високо ниво на имиграција, како Берлин и Хамбург, би биле помалку погодени.
Најмногу работници имаат потреба од југозападен Сар, како и покраините Тирингија и Саксонија-Анхалт. Тирингија, во централна Германија, неодамна забележа пораст на популарноста на антиимигрантската партија Алтернатива за Германија (AfD), која освои мнозинство гласови за прв пат на регионалните избори во септември.
Курир.рсМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




