БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Нема план Б за Македонија
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2025 17:11
Бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев вели дека за Македонија нема план Б.
Вели дека Софија ќе се придржува кон договорот од 2022 и исполнувањето на обврските при преговорите за кластерите. Георгиев е категоричен дека Бугарија нема да престане да повторува дека усогласеноста со европските барања е она што е потребно за да се постигне напредок.
На прашањето дали Бугарија веднаш би ставила вето ако случајно разговорите на премиерот Христијан Мицкоски со европските партнери доведат до почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ пред да има промена во уставот, тој одговори дека од сите разговори што ги водел досега, нема план „Б“.
„Планот е еден – промена на уставот, исполнување на критериумите на кластерот, за да може процесот да продолжи напред. Ова го рече австрискиот колега – користење на комплетот алатки за разговори, но исполнување на критериумите, промена на уставот, сè што е утврдено во консензусот од 2022 година“, додаде министерот за надворешни работи на Бугарија.
Истиот став го споделуваат и европските лидери. И тие повторија дека мора да функционира планот А, а план Б нема.
Инаку, бугарските пратеници денеска едногласно дадоа поддршка на резолуцијата за Македонија.Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




