Бугарскиот конзул непожелен при контролата на културниот клуб „Иван Михајлов“
Објавено во: Македонија 05 Август, 2022 13:31
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) изрази незадоволство од присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов, за време на вчерашната контрола на работата во просториите на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Комисијата тоа го доживува како обид за влијание врз нејзината работа за време на најавениот увид во просториите на Центарот во Битола по пријава за дискриминација од засега непознато здружение на граѓани. Од Комисијата додаваат и дека единствено одговараат за својата работа пред Собранието на РСМ.
– При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР, се вели во соопштението од КСЗД.
Засега се уште не се објавува на што се однесува претставката, а Весна Бендевска, членот на Комисијата, вчера пред медиумите рече дека по завршувањето на постапката ќе биде објавена причината за увидот.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




