14 Декември, 2025
0.0695

Бугарскиот амбасадор во Албанија дели таблети и телефони на Македонците за да се попишат како Бугари

Објавено во: Балкан 20 Септември, 2023 16:19

Добивај вести на Viber

Бугарскиот амбасадор во Албанија  Ивајло Киров да престане да ги вознемирува Македонците да се попишат како Бугари, бараат од „Мост“.

Продолжува бугарската пропаганда за асимилација на Македонците и во текот на пописот на населението и домаќинствата, кој во понеделникот почна во Албанија, што ја потврдува и посетата на бугарскиот амбасадор во областа Голо Брдо, изјави за МИА, претседателот на Македонското друштво „Мост“, Бесник Хасани изразувајќи „најостра осуда за притисокот што Бугарската амбасада го врши врз Македонците“.

„Најсилно што може, ги осудуваме постапките на бугарскиот амбасадор во Албанија, кој на вториот ден од пописот во придружба и на албанската полиција ги посети селата на Голо Брдо каде ги убедуваше Македонците да се попишат како Бугари на пописот, притоа делејќи им на улица бесплатни електронски уреди-таблети и телефони“, вели Хасани.

Вели дека наставниците од деветолетката во село Требиште не му дозволија на амбасадорот да го посети училиштето и да врши бугарска пропаганда. 

Инаку, и бугарската потпретседателка Илијана Јотова пред пописот беше во Албанија, во местата населени со Бугари. 

Македонското друштво Илинден ги повика луѓето од овој дел на Албанија, да се изјаснат тоа што се, Македонци. 

„Досега на 11 пописи во Албанија немало ниту еден Бугарин, нема да има ни сега“, изјави деновиве Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).

Стерјовски, во интервју за една од најгледаните албански телевизии Јуроњуз (euronews.al), истакна дека ниту акцијата, ниту нудењето бугарски пасоши нема да ги поколеба Македонците на пописот.

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството